креативен конкурс „Јелена Крстиќ“


На 16.04.2025 г. во библиотеката на СОУ „Ѓорче Петров” се реализира завршниот настан од креативниот конкурс ,,Јелена Крстиќ”, кој веќе седма година по ред го обновува споменот за Јелена и претставува поттик за креативност, естетско изразување, истражување и другарување на сегашните генерации ученици од сите струки во училиштето. Им честитаме на:
✨Теодора Јошеска, ученичка во трета година, текстилно-кожарска струка, за освоената Гран при награда
✨Елеонора Јорданоска, за освоено прво место
✨Фиона Зајкоска за освоено второ место
✨Симона Мишачковска за освоено трето место
👉Беа доделени и три специјални награди, а сите учесници за спомен добија сертифкати.
Им благодариме на родителите на Јелена коишто секогаш се заедно со нас во овие настани. Благодарност упатуваме и до нашата гостинка, Софија Мандилоска, млад моден дизајнер која кажа дека желбата за дизајн на облека ја добила од Јелена. Благодарност и до нашите вредни ученици креативци и до директорката Жанета Видевска која ја поддржа нашата иницијатива и реализација.
Организатори на Креативниот конкурс беа професорките по Ликовна уметност Марта Макеска и Викторија Димеска и професорките по стручни предмети од текстилно-кожарската струка Наташа Мирческа и Здравка Најдоска