Конкурс за упис 2025/2026


КОНКУРС

за запишување ученици во СОУ Ѓорче Петров – Прилеп за учебната 2025/2026 година

Во прва година ќе се запишат 288 ученици во 9 паралелки со настава на македонски јазик според наставни планови и програми за:

Сектор Здравство и социјална заштита – 136 ученици, 4 паралелки

Профил број на ученици број на паралелки години на образование минимум потребни поени
медицинска сестра 68 2 4 70
фармацевтски техничар 34 1 4 70
физиотерапевтски техничар 34 1 4 70

Сектор Текстил, кожа и слични производи – 25 ученици, 1 паралелка

Профил број на ученици број на паралелки години на образование минимум потребни поени
техничар за изработка на облека* 25 1 4 45
*(соработка со компании)

Сектор Лични и други услуги – 68 ученици, 2 паралелки

Профил број на ученици број на паралелки години на образование минимум потребни поени
техничар за козметичка нега и убавина 34 1 4 45
фризер 34 1 3 30

Сектор Шумарство и обработка на дрво – 34 ученици, 1 паралелкa

Профил број на ученици број на паралелки години на образование минимум потребни поени
техничар за обработка на дрво 34 1 4 45

Сектор Геологија, рударство и металургија – 25 ученици, 1 паралелка

Профил број на ученици број на паралелки години на образование минимум потребни поени
геолошко – рударски техничар * 25 1 4 45
*(соработка со компании)

I.          УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ И КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА УЧЕНИЦИТЕ

Условите за запишување на учениците  во прва година се:

  • да имаат завршено основно образование;
  • да не се постари од 17 години;
  • да се определиле за план и програма за стручно образование и обука;
  • да ги исполнуваат критериумите утврдени со овој Конкурс.

Критериуми за избор на учениците се:

  • среден успех на ученикот од VI до IX одделение;
  • среден успех на ученикот постигнат по четири предмети (мајчин јазик, странски јазик и два предмети што се од значење за секторот);
  • дипломи за освоени (I, II и III) места од меѓународни натпревари, како и државни натпревари (организирани од акредитирани здруженија од Министерство за образование и наука) по мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје;
  • средна вредност од поени добиени за поведение од VI до IX одделение.

Во средното образование за ученици со посебни образовни потреби се вклучуваат ученици според видот и степенот на попреченост.

Учениците од ромската етничка заедница можат да се запишат во одредено јавно средно училиште ако имаат до 10% помалку поени од бројот на поените предвидени согласно Конкурсот за соодветните наставни планови и програми и ако ги задоволуваат дополнителните критериуми за испит на знаења и вештини во соодветното училиште.

Бесплатен превоз или сместување на учениците кои ќе се запишат во прва година во јавните  средни училишта нема да биде обезбеден, ако избраниот вид образование (струка или насока) го има во општината, односно регионот.

Во училиштата каде што се пријавуваат поголем број ученици кои ги исполнуваат предвидените услови од планираниот број предвиден во овој конкурс, се организира квалификационо тестирање по наставниот материјал од осмо и деветто одделение по следните наставни предмети и тоа:

  • за сектор здравство и социјална заштита – биологија и хемија,
  • за другите сектори – мајчин јазик и математика.

За средниот успех од VI до IX одделение ученикот може да добие најмногу 50 поени (општиот успех од шесто, седмо, осмо и деветто одделение се собира, се дели на четири и истиот број се множи со коефициент 10).

За средниот успех постигнат од четирите предложени наставни предмети (два наставни предмети задолжително за сите видови образование и два предмети што се значајни за струката), ученикот може да добие најмногу 20 поени (5 поени за секој предмет).

За освоено место од меѓународни и државни натпревари ученикот може да добие:

  • За освоена прва награда или златен медал на меѓународен натпревар 5 поени, втора награда или сребрен медал 4 поени и трета награда или бронзен медал 3 поени.
  • За освоено место од државни акредитирани натпревари: за I место – 3 поени, за II место – 2 поени и за III место – 1 поен.

За средна вредност од поените за поведение од VI до IX одделение, ученикот може да добие најмногу 5 поени. (Примерно поведение се вреднува со 5 поени, добро поведение се вреднува со 3 поени и незадоволително поведение се вреднува со 0 поени. Средната вредност е збир од поените за поведението од шесто, седмо, осмо и деветто одделение поделен со 4).

Утврдениот минимум број поени за првото пријавување е составен дел на овој Конкурс.

ПРЕГЛЕД на наставните предмети од основното образование кои се предвидени во критериумите за рангирање на успехот на учениците


II.        ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ

По успешното електронско пријавување, учениците во избраното јавно средно училиште ја доставуваат следната документација:

  • пријава за запишување (пријавата учениците можат да ја генерираат со печатење на електронската пријава преку системот за е-услуги);
  • оригинални свидетелства од VI до IX одделение;
  • дипломи, (доколку имаат) од освоени (I, II и III) места од меѓународни и државни натпревари од мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за секторот, насоката, односно изборното подрачје;
  • извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето).

III.       КОНКУРСНИ РОКОВИ

Пријавувањето на учениците ќе се врши преку електронско аплицирање, преку линк до системот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk/ со посебна најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на schools.mk.
* ЈУНСКИ УПИСЕН РОК:

  • Првото електронско пријавување на учениците ќе се врши од 00:00 часот на 14 јуни до 23:59 часот на 17 јуни 2025 година.
  • Доставувањето на потребната документација до училиштето е на 18 јуни 2025 година од 08.00 часот до 19.00 часот и 19 јуни 2025 година од 08.00 часот до 17.00 часот.
  • Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места, училиштето ја објавува на 20 јуни 2025 година, најдоцна до 12.00 часот, на јавно место во училиштето и/или на училишната интернет страница.
  • Квалификациско тестирање (ако е потребно) ќе се организира во училиштето на 23 јуни 2025 година, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на 23 јуни 2025 година, на јавно место во училиштето и/или на училишната интернет страница.
  • Второто електронско пријавување на учениците ќе се врши на 30 јуни 2025 година од 00:00 часот до 23:59 часот.
  • Доставувањето на потребната документација до училиштата е на 01 јули 2025 година од 10.00 до 19.00 часот.
  • Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места, секое училиште ја објавува на 02 јули 2025 година, најдоцна до 12.00 часот, на јавно место во училиштето и/или на училишната интернет страница.
  • Квалификациско тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на 4 јули 2025 година, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на 4 јули 2025 година, на јавно место во училиштето.
    * АВГУСТОВСКИ УПИСЕН РОК:
  • Пријавување на учениците ќе се врши на 21 август 2025 година од 00.00 часот до 15.00 часот електронски.
    Доставувањето на потребната документација до училиштата е на 21 август 2025 година од 08.00 часот до 17.00 часот.
  • Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето, училиштето ја објавува на 22 август 2025 година, најдоцна до 10.00 часот.
    По објавување на конечната ранг листа со резултатите од запишувањето, учениците кои не се запишани во училиштето, задолжително ја подигнуваат целокупната доставена документација поднесена во училиштето во рок од 24 часа, а училиштето има обврска да ја врати целокупната документација на учениците во рок од 24 часа.


Прилеп

03.04.2025 година