Зајакнување на женското претприемништво преку занаетчиство и одржливост


Во нашето училиште започнаа активностите од проектот „Зајакнување на женското претприемништво преку занаетчиство и одржливост“, во кој се вклучени ученици од текстилно – кожарската струка.

Првиот ден учесничките се запознаа со концептот на одржлива мода и нејзината важност, а потоа создаваа уникатни ткаени парчиња од реупотребена облека.

Вториот ден, преку креативна пренамена, старите фармерки добија нов живот како модерни и функционални торбички — пример за тоа како отпадот може да се претвори во вредност!

Креативни работилници се реализираат под менторство на дизајнерката Irina Tosheva

Проектот е имплементиран од Dobredojde Macedonia Welcome Centre , со поддршка од Slovenian Embassy Skopje/Амбасада на Република Словенијаи Министерството за надворешни и европски работи на Република Словенија.