Ученички Совет при СОУ „Ѓорче Петров“


На ден 3.10.2025г. на состанокот што се одржа во просториите на училишната библиотека, по демократски пат, според новиот Правилник за облици на ученичко организирање и учество, поддржан од МОН, со тајно гласање беше формиран Ученичкиот совет за оваа учебна година, што е составен од претседател, потпретседател, генерален секретар и претседателите на заедниците на паралелки во училиштето.

Најпрво беа избрани претседателот: Исидора Николоска од 4-1кл., потпретседателот Леонид Петрески од 2-3кл. и генералниот секретар Леонтина Конеска од 4-7кл. Потоа беа избрани координаторите на генерациите, и тоа: За прва година: Дора Алексоска од 1-1кл. и Дино Конески од 1-3кл. – заменик. За втора година: Стефан Тодороски од 2-8кл. и Сања Стојкоска од 1-4кл. – заменик. За трета година: Јана Спироска од 3-8кл. и Матеј Иваноски од 3-1кл. – заменик. И од четврта година: Симона Трајаноска од 4-3кл. и Филип Јончески од 4-1кл. – заменик.

Состанокот го координираа професорите од тимот за работа со Ученичкиот совет: Снежана Милошеска – педагог, Билјана Тинтоска и Слободан Петкоски.

На Ученичкиот совет му посакуваме успешна и плодна работа.