Уникатност создадена со шибори техника на боење


Под менторство на професорката Јулијана Поповска, учениците од текстилно – кожарска струка од рачно боените парчиња текстил, изработени со шибори техника, создадоа оригинален предмет за облекување.

Преку оваа активност младите креативци ја истражуваа моќта на традиционалните техники и нивната примена во современиот дизајн.

Активноста е дел од проектот „Зајакнување на женското претприемништво преку занаетчиство и одржливост“, имплементиран од Добредојде Македонија Welcome Center, со поддршка од Амбасадата на Република Словенија.