Креативност, тимска работа и позитивна „модна“ енергија внесоа учениците од текстилно-кожарската струка при СОУ „Ѓорче Петров“, Прилеп при предновогодишната акција за украсување и уредување на училиштето.
Со голема посветеност и чувство за естетика, учениците создадоа прекрасни модни „украси“ и внесоа празничен дух во училиштето.
Горди сме на нивниот труд, креативност и желба за креативно изразување!









