Со RYCO во Краљево


Од 1.12.2025 до 6.12.2025 во Краљево се реализира првиот дел од меѓуучилишната размена на ученици меѓу СОУ Ѓорче Петров – Прилеп и Шумарското училиште од Краљево. Имено, станува збор за многу важен образовно-воспитен меѓунационален проект што се остварува преку Regional Youth Cooperation Office – RYCO, организација што има за цел да ја поттикне соработката меѓу училиштата во Западен Балкан.

За време на размената, 30 ученици од двете држави заедно работеа на веќе поставената тема Мозаик на пријателство. Тие се запознаваа другаруваа, креираа, забавуваа, се запознаваа со културата и споделуваа искуства. Истовремено тие имаа можност да го посетат Манастирот Жича да се запознаат со историјата, како и да ја посетат Гимназијата во Врњачка Бања.

Координатори на проектот се Наташа Ванчева и Венера Николова Мишачковска.

Втората размена ќе биде реализирана во периодот од 23-28/03/2026 кога домаќин ќе биде нашето училиште кое е едно од 100 СУПЕРУЧИЛИШТА во Западен Балкан.

Супер училиште е дел од проектот кофинансиран од 🇪🇺 и 🇩🇪 влада, и имплементиран од GIZ заедно со RYCO. @rycowb #Superschools