Со образование до влијание


На 3 Октомври во хотел Дрим во Струга учениците од здравствено едукативната секција ЗДРАВЈЕ БЕЗ ГРАНИЦИ под менторство на стручните наставници Наташа Ванчева и Ленче Јованоска учествуваа на четвртата меѓународна конференција за медицински сестри на тема Со образование до влијание.
На 4 Октомври нашиот ученик Михаил Јорданоски добитник на наградата најдобар ученик за 2024 под менторство на стручниот наставник Наташа Ванчева ја презентираше темата ДЕНЕС УЧЕНИК – УТРЕ СТРУЧЊАК која истовремено е и мотото на нашето училиште
Настанот беше во организација на здружението за медицински сестри
„ЗА НАС“ со кое нашето училиште има успешна соработка.
На настанот присуствуваа и директорката Жанета Видевска и професорките Изабела А. Димеска и Силвана К. Илиеска.