На 3/04/2026 година се одржа Вториот симпозиум по превентивна медицина на кој нашите ученици Марија Пројческа, Омер Муса, Исидора Николоска,Милана Здравеска, Марија Попантоска, Андреј Макрески и Матеа Стојчевска сите од здравствена струка – медицинска сестра под менторство на стручниот наставник Наташа Ванчева се претставија со својата тема „Вакцинација – мит или вистина“.Тие покажаа зрелост, критичко размислување и вистинска посветеност кон науката и здравјето. Преку јасни пораки, успеаја да разбијат многу митови и да ја истакнат важноста на вакцинацијата како клучен столб во заштитата на јавното здравје.
Овој настап е доказ дека младите не само што учат, туку и активно придонесуваат во создавање на поинформирано и поздраво општество.
Симпозиумот беше исполнет со моќни предавања од врвни стручњаци како и инспиративни дискусии, насочени кон унапредување на стратегиите за превенција на болести, промоција на здравјето и здравствено воспитување. Секој збор, секоја идеја и секоја презентација беа чекор поблиску до подобро и поздраво општество.На симпозиумот присуствуваа членовите на Здравствено едукативната секција од 3-1 клас и стручните наставници Ленче Јованоска и Валентина Дамеска.









