Розов октомври


Во рамките на одбележувањето на Розовиот октомври – месецот на свесност, поддршка и превенција од рак на дојкаСОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп  во соработка со Здружението Центар за развој и едукација  организираше настан посветен на раното откривање и превенцијата од оваа болест.

Настанот беше исполнет со инспиративни пораки, едукативни активности и симболично засадување на хризантеми во розова боја, како потсетник за важноста на заедништвото и поддршката. Преку дружење и разговор, присутните испратија порака на солидарност со сите жени кои се соочиле или се соочуваат со рак на дојка.„Секој ден е важен за превенција,  октомври не потсетува дека само заедно можеме да направиме вистинска промена,“  

Да бидеме гласни, информирани и поддржувачки – затоа што здравјето и свесноста немаат месец, тие се начин на живот.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.