Промоција на безбедна училишна средина


Во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“ поддржан од Детската фондација Песталоци, во кој учествува и нашето училиште, со средства од проектот, беше опремен простор за креативна работа што ќе го користат учениците за активностите на Ученичкиот парламент но исто така тука ќе биде и кариерниот центар каде своите работни активности ќе ги извршуваат и нашите кариерни советници и наставниците координатори по практична настава.

Проектот „Промоција на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалицијата на младински организации СЕГА во партнерство со Македонскиот Центар за Граѓанско Образование, Првата Детска Амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораторија За Социјални Иновации.