По повод престојниот празник 8 март


Во средата 04.03.2026.год, по повод претстојниот празник 8- ми март денот на жената учениците  и професорите од здравствената струка, профилот фармацевтски техничар при СОУ „Ѓорче Петров“-Прилеп ,пред Камената бина во центарот на Прилеп организираа настан каде на  случајните минувачи и посетители  им се мереше бесплатно  ниво на шеќер во крвта, крвен притисок и витаминско-минерален статус.

Покрај тоа минувачите и посетителите на настанот  имаа можност да разгледаат и да купат некој од нивните фармацевтски производи кои се произведени во училишната лабораторија. Покрај мерењето на нивото на глукоза во серум, во соработка со аптека Зегин минувачите имаа можност да мерат и  витаминско-минерален статус а исто така и да уживаат и во музички дел за кој  се погрижија од добропознатиот и признат рок-бенд The Doctors.

Инаку, настанот годинава се организира по втор пат и е по повод меѓународниот ден на жената 8 март.