На 03.12.2025 година се одржаа општинските натпревари во одбојка во машка конкуренција, на кои учество земаа екипите на сите средни училишта од Општина Прилеп.
Тимот на СОУ „Ѓорче Петров“ го започна својот настап со полуфинален натпревар против СОУ „Кузман Јосифоски Питу“, по што обезбеди пласман во финалето. Во финалниот натпревар, нашата екипа се соочи со СОУ „Ристе Ристески Ричко“ и по неизвесна и динамична игра успеа да извојува победа. Со тоа, учениците на СОУ „Ѓорче Петров“ ја освоија титулата општински шампион во машка одбојка за 2025 година.
Честитки до сите ученици и наставници вклучени во подготовките и натпреварите. Училиштето ја изразува својата гордост за успехот и спортскиот дух покажан од нашите спортисти.



