Од стара облека до уникатен предмет за облекување


Под менторство на професорката Јулијана Поповска, учениците од текстилно-кожарската струка од стара облека и текстилен отпад изработија рачно ткаени парчиња, кои станаа уникатни предмети за облекување. Овие активности не само што ја истакнуваат креативноста на учениците, туку и промовираат одржлива употреба на материјали и иновативен пристап кон модата.

Активноста е дел од проектот „Зајакнување на женското претприемништво преку занаетчиство и одржливост“, имплементиран од Добредојде Македонија Welcome Center, со поддршка од Амбасадата на Република Словенија.