Нов европски проект поддржан од програмата Еразмус+


Нашето училиште има ново одобрен проект за стручно образование и обука на ученици и наставници.

Проектот е одобрен од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во рамките на програмата Еразмус+, КА121-COO – Акредитирани проекти за мобилност на ученици и вработени (кадар) во полето на стручно образование и обука, со регистарски број 2025-1-MK01-KA121-VET-000309131.

Во рамките на проектот се предвидени следните мобилности:

  • Мобилност на ученици во периодот од 25 март до 8 април 2026 година, со учество на 20 ученици и 3 придружни наставници.
  • Мобилност на наставници во периодот од 25 март до 31 март 2026 година, со учество на 8 наставници, која ќе се реализира на Универзитетот Кајсери Ерџиес во Турција.

Проектот има за цел унапредување на стручните компетенции на учениците и наставниот кадар, преку стекнување нови знаења, практични вештини и размена на искуства во европски контекст.

Координатор на проектот: Неда Ченто

Повик за аплицирање

Student application form

Јавен повик за наставници