Инклузивни спортски активности


Денес во ООУ. “Добре Јованоски” се одржаа низа инклузивни спортски активности во кои активно зедоа учество корисниците на Дневниот центар Ѕуница и Дневниот центар за лица со Церебрална парализа како и  ученици од нашето училиште во организација на Здружение центар за развој и едукација Прилеп. 

За сите учесници во спортските активности- одбојка и пинг понг, директорот на ЈУМЦСР Зоран Малкоски и председателот на Совет на општина Прилеп др. Билјана Кржеска, доделија благодарници и медали. 

Инклузијата е мост, не препрека!

Не е важно што можеме, важно ни е да припаѓаме!