,,Златната прилепскa кралица” блесна на карневалот Прочка 2026


Гордост за СОУ,,Ѓорче Петров”  се ученичките кои со многу посветеност и изразита креативност  изработија костуми за годинешната маска „Златна прилепска кралица“ со која се претставија на меѓународниот карневл ,,Прочка 2026″  и го освоија ВТОРОТО МЕСТО . 

  Нивната работа и креативност беше поттикнувана и подджувана  од менторот , професорката Марта Макеска, а во остварувањето на идеите им помогнаа и професорките од текстилно-кожарската струка Здравка Најдоска и Наташа Мирческа.

  Ова признание  претставува огромна чест и доказ дека трудот, посветеноста и љубовта кон традицијата се препознаени и наградени.