Две литературни награди на Конкурсот посветен на Св. Никола


На Литературниот конкурс што по повод градскиот храм Св. Никола го организираше Клубот на литературни творци од Прилеп нашето училиште се закити со две награди. Ученичката Марија Котева од 4-1кл. освои ПРВА НАГРАДА за прозниот текст “Кога денот ќе се заљуби во ноќта”, а Вилијам Спиркоски од 4-7кл. освои ТРЕТА НАГРАДА за песната “Вир од солзи”.

Двајцата учесници се под менторство на професорката Билјана Тинтоска.

На учениците им честитаме и им посакуваме уште бројни успеси во иднина 🍀