Реализирана посета на конфекцијата ,,Васидора‘‘
Учениците од прва, втора, трета и четврта година од текстилно-кожарската струка при Соу Ѓорче Петров Прилеп, заедно со професорите по стручните текстилни предмети реализираа посета на конфекцијата ,,Васидора‘‘ од нашиот град.
Оваа конфекциска фабрика изработува модерна женска облека, во најголем дел за извоз, а дел и за потребите на својата продажна мрежа раширена низ неколку градови во Македонија.
Благодарение на љубезното и стручно водење низ производствениот процес, учениците се запознаа со сите фази за изработка на облека, со современите машини и апарати кои се користат за таа цел, како и со системите за организација на работа.
Посетата беше интересна и инспиративна за учениците. Голем впечаток кај низ остави современиот систем за компјутерска конструкција на кроеви и компјутерски воденото кроење карактеристично за вакво големосериско производство, потоа завршното пеглање на горна облека со помош на специјали кукли, различните шивачки автомати и прекрасните модели кои се создаваа пред нивните очи.