Во Петокот на 01.04.2022 во спортската сала во СОУ “Ѓорче Петров”-Прилеп по повод на патрониот празник се одржаа натпревари во одбојка за средни училишта од општина Прилеп во женска конкуренција. 02 Април е денот на раѓањето на македонскиот револуционер,кое нашето училиште го носи името,Ѓорче Петров. Во спортски и пријателски амбиент првото место го освои екипата на нашето школо,победувајќи ја екипата на СОУ гим. “Мирче Ацев”-Прилеп со 2:1. Настанот во целост го поддржа,а воедно и ги додели наградите на најзаслужните директорката Петра Лукароска. Од страна на директорката беше истакната соработката со сите училишта во Прилеп и тоа во секој сегмент од воспитно-образовниот процес.