Вонредни ученици


Упатство за ВОНРЕДНИ ученици

Уписот на година за вонредно полагање на испити во СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп може да се изврши во било кој период од годината.

Пријавувањето на испити за полагање се врши секој месец од 10ти до 20ти. (Испитна сесија нема само во месеците јануари и јули.) На 20ти во тековниот месец се објавува распоред за полагање на испитите.

Вонредните ученици имаат право да пријават максимум три предмети во сесија.

Задолжително е завршување на испитите од тековната година за пријавување испити од наредна. Во една испитна сесија (во ист месец) ЗАБРАНЕТО  е пријавување на испити од две различни години.

  1. Упис во година во секторот Здравство и социјална заштита 3.500,00 денари и административна такса од 50,00 денари. Секој испит по 850,00 денари и административна такса од 50,00 денари
  • Медицинска сестра
  • Фармацевтски техничар
  • Физиотерапевтски техничар
  1. Упис во година во секторот Лични услуги 2.000,00 денари и административна такса од 50,00 денари. Секој испит по 600,00 денари и административна такса од 50,00 денари
  • Техничар за козметичка нега и убавина
  • Фризер
  1. Упис во година во секторот Геологија, рударство и металургија 2.000,00 денари и административна такса од 50,00 денари. Секој испит по 600,00 денари и административна такса од 50,00 денари
  • Геолошко, рударски техничар
  1. Упис во година во секторот Текстил, кожа и други производи 2.000,00 денари и административна такса од 50,00 денари. Секој испит по 600,00 денари и административна такса од 50,00 денари
  • Техничар за изработка на облека
  1. Упис во година во секторот Шумарство и обработка на дрво 2.000,00 денари и административна такса од 50,00 денари. Секој испит по 600,00 денари и административна такса од 50,00 денари
  • Техничар за обработка на дрво

Полагање со вертикална проодност – премин од тригодишно во четиригодишно средно стручно образование:

Упис со премин 2.500,00 денари

2 стручни предмети (во зависност од образовниот профил) по 1.000,00 денари

3 општо-образовни предмети (математика, македонски јазик и литература и странски јазик) по 300,00 денари

Упис во четврта година 2.000,00 денари и сите предмети од IV година по 600,00 денари.

Кликни овде за пример за пополнети уплатници

Одговорен наставник за вонредни ученици – Цветанка Стојаноска тел. 071 214 780