Во рамки на Ерасмус проектот “Soft skills, hard skills” професорките Билјана Тошеска и Оливера Димитријоска со учениците Марија Наумоска и Ангел Ристески , од 12ти до 16ти октомври 2023г. го посетија училиштето Istituto professionale di stato per I servizi social, ottico odontotecnico e industrial e artigianato per il made in Italy “Francesca Laura MORVILLO FALCONE” во Бриндиси, Италија. Во проектот учествуваше и група (училиште како партнер во проектот) од Белгија. Првиот ден сите го посетија училиштето и имаа презентација на струките и кабинетите. Вториот ден учениците имаа кратка обука за “Soft skills and hard skills” и научија повеќе за тимска работа, организација, вербална комуникација, решавање на проблеми и т. н. Учениците имаа можност да се запознаат со менталитетот на локалните жители со тоа што престојуваа во семејствата од италијанските ученици и имаа заеднички ручек со храна типична за Италија. Третиот ден следеше работилница за 3D printing, како да се реализира идејата преку програма а потоа и како да се добие финалниот производ. Во слободното време учениците го разгледаа Бриндиси и се дружеа со учениците од Италија и Белгија. Последниот ден беше за посета на Лече, град блиску до Бриндиси, со богато културно и историско значење. Вечерта во гратчето Сан Вито учесниците беа гости на модна ревија, организирана од училиштето во Бриндиси, со прекрасно изработени модни креации. За сите нас оваа посета беше можност да видиме професионалност во едно стручно училиште слично на нашето, да запознаеме различна култура и традиција и да стекнеме нови пријателства.