Учениците од струката Лични услуги од СОУ Ѓорче Петров-Прилеп, учествуваа во специјалното шоу што беше организирано од секцијата на фризери,бербери и козметичари, кое што се одржа на ден 10.12.2017г. Задоволството што учествувавме во ваква манифестација е заедничко!
И наставниците-ментори кои ги подготвуваа, а и самите ученици уживаа во работата и во крајните резултати. Ова искуство ќе им биде уште едно скалило кон нивната понатамошна афирмација во струките кои се нивен професионален избор.
Благодарност до организаторите на ова шоу што ни овозможија да бидеме дел од него.
Благодарност и до текстилно-кожарската струка од нашето училиште, која со своите креации го направи настапот на учениците уште поуспешен