Литературен настан


На 26 февруари оваа година, СОУ„Ѓорче Петров“ Прилеп беше домаќин на манифестацијата по повод 21 февруари – Денот на мајчиниот јазик, во организација на Младинскиот информативен и советодавен центар ИНФО СЕГА, на тема ,, Твориме на мајчиниот јазик”. Меѓу повеќето литературни творби од областа на поезијата и прозата, беа издвоени и наградени три творби.

https://issuu.com/infosegaprilep/docs/

Прво место – Сара Дамевска од 2-3 клас, под менторство на проф. Билјана Тинтоска;

5

Второ место – Николче Мојсоски од 1-2 клас, под менторство на проф. Лидија Ристеска;

7

Трето место – Елена Пачешкоска од 3-8 клас, под менторство на проф. Жанета Видевска;

9

Овој настан беше збогатен и со презентацијата на романот ,,Михаил” од Мартина Соколоска од 2-1 клас, под менторство на проф. Билјана Тинтоска, чие печатење од страна на Издавачката куќа „Восток“ од Битола е во тек.
На настанот присуствуваа млади активисти од Романија и Франција.
Им честитаме на нашите наградени ученици и ги поттикнуваме младите на креативност и духовно богатство!

6 10 8

 

Творбата од Сара Дамевска – Прво место!

Мојот дневник раскажува

23.09.2015. Денот полека згасна.Конечно успеав да се довлечкам до мојот кревет.Се беше тивко.Ме обземаше чувство на осаменост.Легнав во креветот и се обидував да заспијам,силно стегајќи ги очите затворени. Непрекинато нешто ме мачеше, го отворив дневникот и на белата, чиста страница го запишав датумот. Не можев да го извадам од глава…….постојано неговиот лик ми се појавуваше пред очите.

Големите напори да мислам на друго не ми одеа од рака. Се прашував зошто, зошто ли токму него??? Не можев да го пронајдам соодветниот одговор, и не знаев да го опишам чувството во моите гради. Веќе помина полноќ, морав да го напуштам дневникот и повторно да се обидам да заспијам. Легнав и помислата веднаш ми замина кај него. Заспав со чувството на пеперутки во стомакот.

24.09.2015. Среда е. Алармот ми одекна во ушите.Се извлеков од креветот и успано се упатив кон дневната соба. Таму беше мајка ми која успеваше милосно да ме поздрави, но молкум успеав да се извлечам. Веќе доцнев, кога забрзано се упатував кон училиштето.Часот веќе беше почнат. Ја отворив вратата, а на првата клупа…тој. Да, да токму тој. Повторно почувствував некое превртување во стомакот. Го поздравив наставникот и брзо седнав на столчето. Не можев да го тргнам погледот од него. Ѕвончето го слушнав толку добро што во мене побуди паника. Знаев дека ќе треба да разговараме. Размислував да го одминам и да се направам дека не го забележав. Но, не ми успеа,ми стануваше се потопло,чуствував како лицето ми се зацрвенува. „Како си?” – тешко се издишав, чувствував како неговиот глас ми се обраќа мене. Не знаев што да одговорам, немо го погледнав и со сите сили изустив: „Морам да одам”. Чувството како чудно ме гледаше како заминувам. Сакав да заминам дома и едноставно да пишувам во мојот дневник.Часовите ми траеја како година и веќе беше време за дома, со забрзани чекори излегов од училницата. Стигнав дома кога веднаш застанав конечно и не можев да поверувам дали тоа е вистина. Дали го заборавив дневникот на клупата? Испаничено пребарував низ чантата… Да, и тој излезе последен од училницата. Како можеше да ми се случи ова, зошто токму мене? Бев лута на себе бидејќи не внимавав и дозволив тоа чувство да ме поведе.Седнав на креветот и почнав да размислувам што треба да направам. Не знаев што е најдобро, кое е вистинското решение за оваа моја ситуација. Звукот од пораката на телефонот ми го одзеде вниманието. Со неизвесност го погледнав мобилниот и видов, пораката беше негова. Се плашев да ја отворам, што ако го има прочитано дневникот? „Го видов тоа – не плаши се. И јас го чувствувам истото. Ќе разговараме утре.” Мозокот ми закочи, легнав и веднаш заспав.

25.09.2015. Ѕвончето на алармот ми наговестуваше неизвесност. Сакав да знам што ќе се случи, но сепак се плашев. Отидов на училиште. Погледите ни се сретнаа. Очекував да ми се обрати, а не знаев дали сум подготвена да разговарам со него. Со поглед ми покажа да излеземе од училницата. Се тресев, но некоја сила ме поткрена од столчето. Му се приближив, а тој ме фати за раката. Лицата ни беа црвени. Двајцата чувствуваме срам, но и среќа .Тоа што тој  го виде Дневникот не знаев дали е добро или лошо, но чувството на среќа во тој момент не ми дозволуваше да размислувам.

Творбата од Николче Мојсоски – Второ место!

Тагата на еден поет

Низ прозорец сивило бледо,
в душава се’ е така седо,
ќе престане ли болкава сета,
ќе видам ли спокој, не мака клета.

По стаклото капки дожд,
една за друга се редат,
зар станаа капките, друшки мои,
па ќе ме дружат, до мене ќе седат.

Долго гледам во сликата мала,
обесена на sидот високо горе,
лице ми се бразди целото круто,
спомени фаќаат срце луто.

Не сум видел утрина светла,
sвездено небо ми е таванот сив,
sидови стари ко решетки стојат цврсти,
кој ли е за црнинава моќна, крив?

Лутам со мислите безволно така,
зар срцево не знае повеќе да сака,
најсилно омраза в срце ми се свила,
па заминав од свеста со осамени крила.

Бавно над мене часовник чука,
ко да му е последен и него здив,
ќе престане ли да брои после мене,
ќе бидам ли јас за смртта негова, крив?

Осаменост, болна и темна,
завила срце толку цврсто,
па не може да осети љубов,
да види сонце, да прегрни некој милно.

Сиви sидови стари, пукнати негде,
стара соба, мирис на самотија, на страв,
мирис на омраза, посилен од копнеж врел,
ќе издржам ли вака, век цел?

Чекам нестрпливо светлина земна,
да продри насекаде околу мене,
да се осветли одајава темна,
па топлина и сјај насекаде да се вивне.

Да скроти немирта, светлина лесна,
да види и оваа душа малку сјај,
па ќе замине цела омраза бесна,
ќе и дојде на самотија моја крај.

Творбата од Елена Пашечоска – Трето место!

Очи
Повторно сама, во истата соба, во истото ќоше. Повторно ситни солзи, за мене тешки како олово, се тркалаат по моите образи.Зарем времето не ги лечеше сите рани? Да така е, но зошто моиве сè уште не се излечени? Зошто срцето повторно ми се распарчи на сто парчиња поради истите сини очи, поради слатката насмевка како сладок полски мед? Ах, надежта последна умира, а кога веќе ќе се откаже и таа, тогаш и ние умираме заедно со неа. Секој негов чекор, секоја негова воздишка и насмевка направија длабоки траги во мојот мозок. Тој беше мојот восхит, мојот поттик и мојата инспирација. Љубовта ме направи личноста која отсекогаш посакував да бидам, онаа силната, храбрата, гордата, хуманата, но љубовта ме вообрази, во исто толкава мера ме расипа, му турна во најдлабоката бездна од каде нема назад.
Велат како можеш да си заљубена во некој што не те допрел, не си ја почувствувала топлината на неговата прегратка, не си го бакнала, не си се опила од неговиот нов парфем. А, бре, луѓе за мене е доволен неговиот поглед. Тука се скриени сите наши тајни, во неговите очи е вистината. Зарем постои прегратка која е потопла од неговиот полед или пак поважен контакт од оној со очите. Јас се заљубив во тие очи, тие очи ме хипнотизираа, ме заведоа, тие беа и се причина за секоја моја насмевка и за секоја моја солза. Зошто не ги засака и тој моиве очи? Зошто не ме удостои барем со еден збор кога знаеше дека секоја случајна средба беше тактично испланирана. Ме предизвика, мојата љубов ја претвори во вина, но не го обвинувам него, се обвинувам самата себе си бидејќи си дозволив да поверувам во моите соништа и да паднам во заблуда. Тој ја пренасочи мојата перцепција. Синилото од неовите очи ме заслепе, а неговата тишина и смиреност ме занемеа. Моето срце веќе се претвори во студен камен, а љубовта стана осаменост, тага, неиздржлива болка, злоба, конфликт, дезориентација.
Најтешко е да загубиш човек кој, всушност, никогаш не си го ни имал. Мудрата девојка бакнува, но не се заљубува, слуша, но не верува и заминува пред да биде оставена. Јас се заљубив без да бакнувам и верував без да слушнам, па останав сама иако не бев оставена. Сè се случува за еден миг – се заљубуваш, љубовта кратко трае, но заборавот е бескраен. Ќе останат бескрајни и ноќите и деновите поминати во ова ќоше и јас – расплакана, повредена, уништена и осамена. Но подобро е да се загуби умот поради љубовта отколку љубовта поради умот бидејќи моќта на љубовта е поголема од секоја власт.

20 19 18a 18 17 16 15 14 13 12 11 4 3a 3 2 1

 

 

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.