КРЕАТИВЕН КОНКУРС „Јелена Крстиќ“


СОУ,,Ѓорче Петров-Прилеп   и Активот по Текстилство

во соработка со професорката Марта Макеска и модниот креатор

Дејан Сидор објавуваат:

К Р Е А Т И В Е Н     К О Н К У Р С

,,Јелена  Крстиќ’’

на тема: „ИДОЛ  ОД ГРАДОТ“

Во спомен на  нашата прерано почината  ученичка Јелена Крстиќ и оваа година го објавуваме конкурсот  со кој се промовира  модата,  модниот дизајн,  талентот, креативноста и вештините на учениците од СОУ,,Ѓорче Петров‘‘ , Прилеп.

Учениците учесници  треба да нацртаат, дизајнираат и изработат модни цртежи и модни додатоци на зададената тема.

Критериуми за учество:

  • Да се редовни ученици во прва, втора, трета или четврта година од сите квалификации во СОУ,,Ѓорче Петров‘‘;
  • Да покажуваат афинитет кон дизајн и работа со различни видови на материјали и  ликовни техники

 Учениците – учесници треба да изработат и достават:

  • Моден цртеж со примена на техника по слободен избор
  • Моден додаток во склад со темата изработен од стандарден и/или рециклирачки материјал
  • Испечатена  фотографија од изворот на идејата –идолот

Во творбите  треба да бидат внесени следните податоци:

– име и презиме на авторот

– паралелка    

Конкурсот ќе биде отворен во периодот од  10.11.2023 до 15.12.2023 г.

!!! Изработените творби  да се достават до одговорните професори во предвидениот рок, а фотографиите  од   изработките да се испраќаат на меил адресата: konkurscrtez@gmail.com 

    За авторите на најдобрите  творби  следуваат  симболични награди.