На 1 Декември – Меѓународниот ден на борба против сидата, Училишната младинска организација на СОУ„Ѓорче Петров“ Прилеп, во соработка со Советот на млади на општина Прилеп, организираше турнир во баскет. Целта и пораката на турнирот е младите наместо со пороци, да се занимаваат со спорт како синоним за здравје и здрав живот.
На турнирот учествуваа дваесет и две екипи, машки и женски, од средните училишта во Прилеп. Турнирот се одржа во спортската сала на СОУ„Ѓорче Петров“ и започна во 8 часот наутро. Во категоријата на машки екипи, Прво место освои екипата „Зумбули“од СОУ„Ѓорче Петров“ Прилеп, Второ место освои екипата „Пиштолчиња на вода“ од Гимназијата „Мирче Ацев“ Прилеп и Трето место „Џигиња“ – Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп.
Кај женските екипи, Прво место освои екипата „Пинки“ од Гимназијата „Мирче Ацев“ Прилеп, Второ место „Тегет чорапа“ – Гимназијата „Мирче Ацев“ Прилеп и Трето место „Бомбици“ од СОУ„Ѓорче Петров“ Прилеп.
Им честитаме на победниците, а им се заблагодаруваме на сите учесници за убаво поминатите моменти и дружењето. Се надеваме дека ќе се сретнеме за брзо во некоја наредна спортска прилика.
Посебна благодарност упатуваме до Советот на млади на општина Прилеп за обезбедувањето на пехарите и за поддршката. Исто така, им се заблагодаруваме на спонзорите: Печатницата „К-98“ и „Футура“.