На изложбата на маски по повод празникот Прочка, учениците од СОУ Ѓорче Петров освоија 3 награди. Леа Грабулоска и Владимир Мазнески освоија прва награда, а Лука Кузманоски втора.
На карневалот, нашата групна маска во категоријата групна традиционална маска освои прва награда. Маската беше именувана „Чума“, учествуваа 30 ученици, а беше изработена во работилницата на дрвопреработувачката струка од природни материјали – дрво, платно, тутун, сламки.