Месецот Февруари е посебно инспиративен за учениците од здравствено – едукативната секција ,,Здравје без граници,,од СОУ,,Ѓорче Петров ,, Прилеп кои со бројни активности под менторство на стручните наставници Ленче Јованоска и Наташа Ванчева го одбележаа месецот на ретките болести се со цел да ја подигнеме свеста и емпатијата и да покажеме дека никој не е сам во својата борба.
Во библиотеката на Општата болница со проширена дејност ,,Борка Талески “- Прилеп Д-р Габриела Тавчиоска , педијатриски невролог несебично ни сподели многу интересни факти и информации за ретките болести и преку презентирање на клинички случаи на многу интересен начин ги збогати нашите знаења.
Во просториите на училиштето своето искуство за дијагнозата, симптомите, лекувањето, предизвиците ни го пренесоа лицата кои се соочуваат со ретка болест и родител на лице со ретка болест што кај учениците отвори многу прашања но и многу нови информации. Училишниот психолог и дефектолог беа исто така дел од оваа едукативна работилница.
Изработени беа и брошури со едукативна содржина
Ретките болести не познаваат граници , таква мора да биде и нашата поддршка, срцата полни со љубов и умот отворен за нови знаења и предизвици.РЕТКО Е ДА СИ РЕДОК НО ЗАЕДНО СМЕ ПОСИЛНИ !

















