„Со рачни вештини до сопствен бизнис“
Креативност, инспирација и многу нови идеи – работилницата на која ученици од текстилната струка, под менторство на модната дизајнерка Ирина Тошева и професорката Јулијана Поповска, развиваа идеи и подготвуваа сопствени модни дизајни.
Модните концепти учениците ќе ги реализираат за модна ревија во рамки на Модниот викенд.
Активноста е дел од проектот „Зајакнување на женското претприемништво преку занаетчиство и одржливост“, имплементиран од Добредојде Македонија – Welcome Center, со поддршка од Амбасадата на Република Словенија и Министерството за надворешни и европски работи на Република Словенија.








