Осма година по ред одржан креативниот конкурс „Јелена Крсти“


Оваа година  по осми пат, во СОУ,,Ѓорче Петров”, во организација на професорките Марта Макеска, Здравка Најдоска и Наташа Мирческа, со поддршка од директорката Жанета Видевска,  успешно се реализира креативниот  конкурс ,,Јелена Крстиќ”  во спомен на Јелена, талентирана ученичка од текстилно-кожарската струка. Темата на која твореа ученици од нашето училиште, а и ученици од основните училишта беше: „Природата – инспирација за модна илустрација“
На завршниот настан беа изложени ученичките творби и доделени сертификати и награди , со што се заокружи еден убав и инспиративен  процес.
Пофалба за сите учесници, вклучувајќи ги и  вредните ученици од секторот текстил, кожа и слични производи кои зедоа учество и инспирирани од темата создадоа впечатливи модни илустрации.
Јелена се гордееше со својот избор за образование-текстилот, па умееше да создаде прекрасни дела. Ние сега заедно го чуваме споменот и ја поттикнуваме креативноста на новите генерации.
Благодарност до родителите од Јелена кои и оваа година доделија ГРАН ПРИ награда. Благодарност и  до спонзорите на настанот: ,,Комфи Ангел”, , ,,Тритекс Трејд”, ,,Кули”, ,,Дуки Дасо” и ,,Витаминка”.
Честитки на учесниците за освоените награди:
ГРАН ПРИ награда =Симона Мишачковска
1 место =Кристина Трајковска
2 место =Јана Пирганоска
3 место =Марија Истинџиоска
На ниво на основни училишта награди добија:
1 место = Драгана Здравеска , ООУ,,Кире Гаврилоски-Јане, Прилеп
2 место = Ева Јандреска, ООУ ,,Круме Волнароски”, Тополчани
3 место=  Михаела Ангелеска, ООУ,,Кире Гаврилоски-Јане, Прилеп