Активот по спорт со нов успех


СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп беше домаќин на зонските натпревари во одбојка за средните училишта. На натпреварите учество зедоа екипите од СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп, Гимназијата „Мирче Ацев“ – Прилеп и СОУ „Наум Наумоски Борче“ – Крушево. Натпреварите се одиграа во систем „секој против секого“, при што нашите ученички остварија супериорни победи над своите противнички. Со смирена и сигурна игра, доминирајќи во сите сегменти од одбојкарската игра, тие покажаа високо ниво на техничка подготвеност и одлична тимска организираност на теренот. Овој успех е резултат на континуираната посветеност, дисциплина и тимска работа, како и доказ за квалитетната работа на Активот по спорт во нашето училиште. Со овој успех, одбојкарките ќе патуваат на регионалните натпревари кои ги организира Федерацијата на училишен спорт на Македонија. Им посакуваме успех во понатамошните натпревари.