ПРОШТАЛНА ПРЕТСТАВА НА ГЛУМЦИТЕ МАТУРАНТИ


На 9 мај 2018г.,пред преполната сала во Киното МисСтон, глумците матуранти од Драмската секција на СОУ„Ѓорче Петров“Прилеп се збогуваа од верната публика со претставата ,,Наша луда клиника”.

Сценариото на комичната претстава е на: Филип Стојаноски и Хари Тасески.
Упатуваме голема благодарност до ДК „Марко Цепенков“ за отстапениот простор и до нашите верни обожаватели – професори, ученици и родители.

Гостинка на вечерта беше нашата надежна виолинистка, Благица Блажеска, а учествуваше и нашата мала, ама талентирана глумица Бисера Гаралоска.

Голема среќа е да се работи со посветени деца.

 

Автор на текстот: Проф. Билјана Тинтоска – ментор на Драмската секција

Видео: https://files.fm/u/nrc5natq

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.