Активности


Дваесет ученици од СОУ,,Ѓорче Петров“ на едномесечна обука и пракса во Романија

Дваесет ученици од Средното општинско училиште ,,Ѓорче Петров“, заедно со две професорки, во периодот од 14 ноември до 14 декември оваа година ќе имаат можност да следат обука и да бидат вклучени во работа во реномирана конфекциска фирма во градот Сату Маре, Република Романија . Проектот ,,Низ пракса – до подобри вештини‘‘ има за цел […]


Стручна екскурзија на учениците конфекционери

Група ученици од текстилно-кожарската струката од нашето училиште СОУ ,,Ѓорче Петров‘‘, заедно со нивните професори Весна Смугреска и Здравка Најдоска, остварија еднодневна екскурзија од научно – образовен и рекреативен карактер до Струга. Во склоп на активностите го посетија СОУ ,,Нико Нестор‘‘-Струга, каде што покрај другите струки долги години постои и текстилно-кожарската. Учениците имаа можност да ги […]


Trash Fashion 2015

И оваа година во организација на нашето училиште – СОУ ,,Ѓорче Петров‘‘, а благодарение на фантазијата, креативноста и вештината на учениците, се одржа модна ревија на модели изработени од отпадни материјали – Trash fashion. Вредните ученички раце со поддршка од професорката по ликовна уметност Марта Макеска и неколку други професори – хартијата, најлонот , фолијата, пластиката, […]


За престојот на учениците под СОУ„Ѓорче Петров“ Прилеп во Мадрид

Успешно заврши обуката во Мадрид за 9 ученици од СОУ „Ѓорче Петров“ од здравствената струка-профил медицинска сестра.Учениците беа дел од Програмата („The care and knowledge alliance“) овозможена од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и Програмата Еразмус плус. Имено, тие на 13.04.2015г. отпатуваа за Мадрид, за да учествуваат во Проектот „Грижа и знаење“. […]


Креирање на ефективни можности за вработување

На 24-04-2015г. се одржа јавна дискусија на тема ,,Креирање на ефективни можности за вработување,, организирана од Н.В.О. – ,,СЕГА,, од Прилеп, на којашто активно учество зедоа и професорките по Бизнис  од СОУ,,Ѓорче Петров,, – Христина П.Димеска и Благица Тренчевска.  На дебатата присутна беше директорката на АВРМ – Прилеп, претставник од локалната самоуправа на град Прилеп, […]


Ученици од нашето училиште во посета на Швајцарија

Во рамките на проектот “Дете – правобранител”, група ученици од нашето училиште беа дел од двонеделната интеркултурна размена со ученици од Србија во детското село Пестолоци во Троген, Швајцарија. Имено проектот “Дете – правобранител” за заштита на правата на учениците, во соработка со коалицијата “СЕГА”, а со поддршка на тимот од професорите: Билјана Тинтоска и […]


Посета на економски факултет

На ден 03-04-2015 година, по повод Отворениот ден на Економскиот факултет – Прилеп, нашите ученици придружени од професорките  по Бизнис  Христина П. Димеска и Благица Тренчевска учествуваа на претставувањето на можностите што ги нуди факултетот за идните студенти.


Посета на фабрика за производство на лековити препарати “Галафарм” –Скопје

Учениците од четврта година,од образовниот профил фармацевтско-лабораториски техничар, предводени од професорките Венера Мишачковска и Наташа Најдоска, на ден 25.03.2015 год. ја посетија фабриката за производство на лековити и козметички препарати “Галафарм” во Скопје. Учениците имаа можност да се запознаат со сето она што го изучуваат во текот на теоретската настава по фармацевтска технологија, фармацевтска хемија. […]


Hippo натпревар

На  14.03.2015  година  во  просториите  на  С.О.У  Ѓорче  Петров  се  одржа  3  тиот  по  ред Меѓународен  натпревар по Англиски јазик  “Hippo Competition”. На овој натпревар право научество  имаат  ученици  од  10  до  19  години  и  се  натпреваруваат  ученици  од  8  земји :Македонија, Италија, Босна и Херцеговина, Србија, Хрватска, Црна Гора, Бугарија и Словенија. Во нашето […]


Календар 2015

Традицијата продолжува. И оваа година учениците од нашето училиште го креираа новиот календар за 2015 овој пат во соработка со Гатекс.