Активности


Практичната настава и нејзините резултати низ призмата на учениците.

Учество на работната средба на учениците од трета година, од образовниот профил фармацевтско лабораториски техничар, на тема „Практичната настава и нејзините резултати низ призмата на учениците.“ На ден 12.12.2014г. во просториите на градската библиотека “Борка Талески” – Прилеп,се одржа работна средба на ученици од сите средни стручни училишта, на тема „Практичната настава и нејзините резултатиниз […]


Во посета на Центарот за деца со посебни потреби

На ден 12.12.2014, Младинската организација на СОУ ,,Ѓорче Петров” и нашата Драмска секција им ги разубавија денот со пригодна програма на дечињата од Центарот за деца до посебни потреби и им подарија играчки. Нема поголемо задоволство од насмевките и радоста на детските лица!!! Благодарност до нашите ученици за хуманоста!!!


Во посета на Витаминка

Група ученици од трета година од профилот Фармацевтско лабораториски техничар при СОУ „Ѓорче Петров“ од Прилеп, предводени од професорките Венера Мишачковска и Весела Здравеска, како составен дел од наставната програма ја посетија Хемиската лабораторија на П.И. „Витаминка“ А.Д. Директорот на контролно-развојна лабораторија Натали Петреска, ги запозна учениците со работата на лабораторијата и мерните инструменти. Учениците […]


Промоција на текстилен сектор

Во, петокот, 21.11.2014, во просториите на конфекцијата ,,Кули” се оствари средба помеѓу претставници од Министерството за економија, текстилниот кластер на Р.Македонија, конфекцијата-домаќин, директорот на СОУ,,Ѓорче Петров”- Дејан Димоски, професори и учениците од профилот-конфекциски техничари. Средбата беше реализирана со намера да се изврши позитивна промоција на текстилниот сектор и да се запознаат сите субјекти со условите […]


Diabetes Day

Учениците од СОУ Ѓорче Петров – здравствена струка (медицинска сестра) од III – 1 клас по повод 14 Ноември светскиот ден за борба против дијабетесот одржаа предавање со здравствено воспитен и просветен карактер, мереа крвен притисок и шеќер во крвта (гликемија) и делеа брошури кои самите ги изработија. [Best_Wordpress_Gallery id=”8″ gal_title=”Diabetes Day”]