Активности


Екскурзија 2016

Учениците од III година традиционално секоја пролет изведуваат научно-рекреативна екскурзија. Оваа година таа беше изведена од 18-25 Април на релација Лидо ди Јесоло – Венеција – Верона – Милано – Сан Ремо – Кан – Ница – Монте Карло – Монтро – Вевеј – Лозана – Женева – Берн – Цирих. Очекуваме повеќе фотографии од […]


СОУ “Ѓорче Петров” Прилеп второ најуспешно училиште на Државното првенство во карате 1

Учениците од СОУ “Ѓорче Петров” кои што освоија медаљи на Државното училишно првенство во карате беа на прием кај директорот Дејан Димоски. На првенството СОУ “Ѓорче Петров” Прилеп беше второпласирано во листата на најуспешни училишта. Андреј Ристески го освои првото место во категоријата кумите  до +76 кг, Константин Василески се закити со трето место во […]


Од настанот по повод Денот на жената

Уште еден креативен поттик за литературните творци!!! Им благодариме за соработката и им посакуваме успех На 10 март, во просториите на нашата училишна библиотека, подготвен од Младинската организација и Дете – правобранител на СОУ,,Ѓорче Петров”, се одржа литературен натпревар во лични творби посветен на 8 Март – Меѓународниот ден на жената. Учество зедоа ученици од […]


Со пракса до подобри вештини

Реализиран проектот на учениците од СОУ ,, Ѓорче Петров‘‘ , „Through practice to better skills“ во Романија   Групата од дваесет ученици и две професорки од СОУ „Ѓорче Петров“ се врати од Сату Маре, Романија, каде што во периодот од 14 ноември до 14 декември успешно го спроведе проектот ,, Through practice to better skills”. […]


Учениците од Романија кај директорот

Учесниците во проектот ,,Низ пракса до подобри вештини‘‘ на прием кај директорот  Дејан Димоски Во петокот, 18.12.2015 г. учениците од СОУ ,,Ѓорче Петров‘‘ кои учествуваа во проектот ,,Низ пракса до подобри вештини‘‘ беа примени од директорот на училиштето Дејан Димоски. Низ разговор, учениците го информираа директорот за активностите во рамките на проектот . Тој ја […]


Македонска хемиска олимпијада

На Македонската хемиска олимпијада,  СОУ„Ѓорче Петров“ влезе во најтесниот круг! Во кругот натпревари по хемија, организиран од Сојузот на хемичари и технолози на Македонија, нашата ученичка Бранкица Мијаческа од 3-8 клас (здравствена струка, занимање – фармацевтски лабораториски техничар), под менторство на професорот по хемија Слободан Петкоски, покажа високи резултати. Имено, натпреварот се состои во испитување […]


Рецитаторски Натпревар

На 10.12.2015г. во просториите на нашата училишна библиотека се одржа вториот по ред Рецитаторски натпревар на средните училишта од Прилеп во чест на св. Климент Охридски – основоположникот на словенската писменост, култура, јазик и литература во Македонија, првиот словенски писател и најистакнатиот ученик на Св. Кирил и Методиј. На натпреварот се претставија ученици од средните […]


Во посета на Витаминка

Преземено од vitaminka.com.mk Ученици од трета година, профил – Фармацевтско лабораториски техничар при СОУ „Ѓорче Петров“ од Прилеп, како составен дел од наставната програма ја посетија Хемиската лабораторија на „Витаминка“. Заменик директорот на Контролно-развојната лабораторија Олга Ристеска, ги запозна учениците со работата на лабораторијата и мерните инструменти. Учениците имаа можност да видат неколку испитувања за […]


Директорот во работна посета на Романија

Во Романија поточно во градот Сату Маре, преку националната агенција за европски образовни програми и мобилност и програмата Erazmus + од училиштето СОУ „Ѓорче Петров“-Прилеп, на практично усовршување се ангажирани 20 ученици и две професорки. Активноста со наслов “Through practice to better skills” комплетно е финансирана од страна на националната агенција за европски програми и […]


СОУ„Ѓорче Петров“ во посета на Домот за стари и изнемоштени лица „Киро Крстески – Платник“

По повод Неделата за грижа за страрите и изнемоштени лица, нашето училиште, традиционално го посети Домот. Членовите на Драмската секција под менторство на проф. Билјана Тинтоска изведоа една ведра престава и измамија насмевки на лицата на питомците на Домот. Нашите ученици се претставија и со музички точки.Учениците од 3-2 клас под менторство на инструкторките Ленче […]