Активности


Луда куќа

Специјално за свечената академија по повод патрониот празник на нашето училиште,  Драмската секција ја подготви интересната комична претстава, насловена како ,,Луда куќа”. Сценариото го напиша нашиот почесен член Филип Стојаноски, кој играше и една од главните улоги. Останатите улоги ги толкуваат: Антониј Колески, Константин Василески, Ангела Јагуриноска, Фросина Јованоска,  Теодора Трајкоска, Марија Шијакоска, Валерија Чавлеска,  […]


Во Европа и назад

Не може да се замисли патрониот празник на нашето училиште без несебичниот ентузијазам на нејзините членови – и овие актуелните, но и оние кои не не забораваат. А тоа се нашите почесни членови: Филип Стојаноски и Магдалена Димоска. Да се потсетиме дека оваа куса комична драмска претстава, под наслов ,,Во Европа и назад” ги освои […]


Младинска организација

На 29.09.2016г., училишниот тим кој работи во рамките на проектот „Правата на детето“, во соработка со НВО СЕГА избра Дете – правобранител, а тоа е Тамара Тодороска од 3-2кл., како и Заменик Дете – правобранител, Ева Димеска од 2-1кл. Изборот следеше после објавата за конкурсот, истакната во просториите на училиштето и апликациите на повеќе ученици. […]


Подготовки за Португалија

Деветнаесет ученици од струката лични услуги- козметичари и фризери, кои беа избрани на објавениот конкурс, заедно со три професорки-ментори ќе бидат претставници на средното стручно општинско училиште ,,Ѓорче Петров‘‘ од Прилеп, во Брага, Португалија. Во рамките на припремите за проектот Professional VET cooperation development project , поддржан од програмата Еразмус + и Националната агенција за […]


Патрон празник

По повод 02.10.2016г., патрониот празник на СОУ„Ѓорче Петров“, на ден 03.10.2016г. во Народниот театар „Војдан Чернодрински“ беше одржана Свечена академија, на која освен наставниот кадар, родителите и учениците, присуствуваа и Градоначалникот на општина Прилеп, г-нот Марјан Ристески, Советникот за образование од МОН за Прилеп, г-нот Марјан Матракоски, како и директори на повеќе средни и основни […]


EMPLOVET

ЕМПЛОВЕТ – Вештини за вработување и работно место за ученици во стручно образование е проект кој е финнсиран од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во рамките на клучна акција 2 – стратешки партнерства во стручно образование. Во проектот се вклучени партнери од  7европски земји (Mакедонија, Романија, Англија, Германија, Турција, Белгија, […]


Еразмус +

Во рамките на Еразмус + програмата од Националната Агенција за Европски образовни програми и мобилност во полето на клучна акција 1 за училишно образование, којашто подразбира учење преку индивидуални мобилности, се реализираше проектот “Иновативни наставници – мотивирани ученици”. СОУ Ѓорче Петров, Прилеп доби грант за реализирање на четири мобилности на три различни обуки и тоа: […]


ACES – завршна средба

Во периодот меѓу 31.05. и 03.06.2016г. во Сењец, Словачка се одржа Завршната академија на меѓународниот проект АЦЕС, со којашто се заокружи овогодишниот циклус на тема „Солидарност“. На манифестацијата присуствуваа по еден наставник и по еден ученик од секој награден проект, како и претставници од партнерите на АЦЕС Фондацијата: Надација, ЕРСТЕ и Интеркултурален центар, како и […]


digitalschool.mk во нашето училиште

Во рамките на проектот „Подобрување на професионалните компетенции на наставниците и постигањата на учениците во стручните училишта преку воведување на нов концепт на дигитално учење и поучување (концепт е-училиште)“, 39 наставници од нашето училиште три дена беа обучувани за користење на дигитални техники во наставата. Проектот претходно започна во март оваа година кога од страна […]