Посета на фабрика за производство на лековити препарати “Галафарм” –Скопје


Учениците од четврта година,од образовниот профил фармацевтско-лабораториски техничар, предводени од професорките Венера Мишачковска и Наташа Најдоска, на ден 25.03.2015 год. ја посетија фабриката за производство на лековити и козметички препарати “Галафарм” во Скопје.

Учениците имаа можност да се запознаат со сето она што го изучуваат во текот на теоретската настава по фармацевтска технологија, фармацевтска хемија. Посетата опфати запознавање со просториите за производство на одредни лековити и козметички препарати, ГМП нормите, начинот на производство, пакување, складирање на лековитите супстанции.

 

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.