Активности


Повик за учество во проектот Unification in diversity

СОУ,, Ѓорче Петров‘‘, Прилеп О Б Ј А В У В А   П О В И К За пријавување на 2 професори и 4 ученици кои сакаат да земат учество во проектот UNIFICATION IN DIVERSITY ,во Сицилија,Ното (20.03-26.03.2022) Сите заинтересирани професори и ученици покрај основните лични податоци и телефонски број, треба да достават и […]


Меѓународен ден посветен на сите жени и девојки во науката.

Почитувани, Чест ни е да ве поканиме на Литературниот конкурс, распишан од Младинската заедница на нашето училиште, по повод 11 Февруари, во светот познат како Меѓународен ден посветен на сите жени и девојки во науката. Со цел да ги прославиме сите нивни имиња и да оддадеме мала почит, ве покануваме да ги охрабрите вашите ученици […]


Почеток на второ полугодие

Од утре 1.02.2022 година започнува второто полугодие. Поради изведување на градежни активности во нашето училиште, наставата ќе се изведува од далечина – online. Од сите ученици се очекува редовно присуство и следење на наставата преку MS Teams. Среќен почеток на второто полугодие!!!


Mеѓународен ден на сеќавање на Холокаустот

27.01- меѓународен ден на сеќавање на Холокаустот Моделот на Ученик-правобранител при СОУ„Ѓорче Петров“ го одбележува овој ден со симболично видео, каде се запознаваме со вистински приказни од Холокаустот. „За историјата никогаш да не се повтори“ е нашето мото, со кое повикуваме на разумност и меѓусебна толеранција.


По повод Светскиот ден на борба против ХИВ и СИДА

01•12•2021г.,  Светскиот ден за борба против ХИВ и СИДА, Младинската организација – Ученички парламент при СОУ ,,Ѓорче Петров” го одбележа со поделување флаери со информативна содржина за AIDS вирусите, во центарот на градот и во нашето училиште.


Halloween

Buble, bubble I`’m in trouble беше паролата на 01.Ноември кога во нашето училиште професорката по Англиски јазик Емилија Ѓорѓиева Велкоски во присуство на психологот Лидија Алекоска заедно со учениците од 4-7 и 4-8 клас нè доближија до Ноќта на Вештерките правејќи маскембал исполнет со игри, смеа и гледање на филмот Hocus-Pocus од 1993 година. Целта […]


За Драмската

По аудицијата за нови глумци, одржана на 22.09.2021г. Драмската секција ,,Слободно театарче“ на СОУ,, Ѓорче Петров” Прилеп го освежи своето членство. На првиот состанок во новата учебна година, на 27.09.2021г. на новите членови им посакавме срдечно ДОБРЕДОЈДЕ. Воедно, Вања Младеновски од 2-1кл. беше избран за Заменик  претседател на секцијата. Му честитаме и му посакуваме успешна […]


Уписи за II, III, и IV година

Уписот за втора, трета и четврта година во учебната 2021/2022 ќе се врши на 30.08.2021. Пријавата за упис може да се пополни кај класниот раководител, но учениците можат и да ја симнат, да ја пополнат електронски во Acrobat Reader или во Chrome, и да ја испечатат пред да ја предадат на класниот раководител. Секој ученик […]


ICT Прирачник

Изработка на е-прирачник беше крајна цел на КА2 проектот од програмата Еразмус + ,,ICT Tools, The Best Way to Teach Foreign Languages‘‘. Прирачникот содржи 54 дигитални алатки и апликации кои ќе им помогнат на наставниците по Англиски јазик, а и на наставниците по други предмети да остварат подобра и побрза интеракција со учениците. Учениците пак […]