Уписи за II, III и IV година
Уписите се на 27 и 31 август (треба да се носи свидетелство за завршена претходна година и уплатница со уплатени 200 денари за осигурување и копирање)
Уписите се на 27 и 31 август (треба да се носи свидетелство за завршена претходна година и уплатница со уплатени 200 денари за осигурување и копирање)
Ги покануваме полуматурантите кои не се запишале во јунскиот рок, тоа да го направат на 24 август и да изберат еден од образовните профили во кои има слободни места за упис. – Фармацевтски лабораториски техничар – Физиотерапевтски техничар – Козметички техничар – Фризер – Конфекциски техничар – Техничар за мебел и ентериер – Геолошко – рударски […]
Дел од учениците од историската секција при СОУ Ѓорче Петров учествуваа во одбележување на Денот на победата над фашизмот, пред споменикот на Могилата на непобедените.
На 04. 05. 2015 г. заедно со неколку ученици – конфекционери ги посетивме просториите на дисперзираните студии од универзитетот ,, Гоце Делчев‘‘ сместен на патот за Крушево , наспроти конфекцијата ,,Васидора‘‘ . Учениците – матуранти имаа можност да добијат исцрпни информации во врска со условите за студирање и упис на дисперзираните студии по текстил, […]
Учениците од трета година, од образовниот профил физотерапевтски техничар, предводени од професорот Виданчо Николоски, на ден 06.04.2015 год. изведоа еднодневна научна екскурзија во Катлановска бања, Катланово. Во склоп на оваа екскурзија учениците имаа можност да се запознаат со сето она што го изучуваат во текот на теоретската и практичната настава по кинезитерапија, физикална терапија и […]
Група на матуранти од СОУ,,Ѓорче Петров,, од Прилеп со професорките по Бизнис Благица Тренчевска и Христина П. Димеска беа во посета на МСУ,,Гаврило Романович Державин,, – Битола, каде што им беа презентирани идните можности за студирање на економскиот, правниот, факултетот за психологија и факултетот за безбедно инжињерство при горенаведениот универзитет. Истовремено се одржаа работилници на кои […]
На 51-от Државен натпревар за млади истражувачи кој се одржа на 25.04.2015 во Неготино, ученикот Мартин Ристов под менторство на професорката Весела Здравеска од нашето училиште освои прво место во категоријата Агротехника. Тема на изработка од ученикот: Исхрана за дијабетичари – Стевиа – природен диетален засладувач.
Giffoni on tour – Prilep Овој викенд, група ученици од нашето училиште беа дел од дводневната манифестацијата „Џифони Патува‚‚ што се одржа во кино салата „Мис Стон“. Џифони Македонија е дел од еден од најголемите филмски фестивали во Европа “Giffoni Expiriance” кој потекнува од Република Италија. Целта на овој фестивал е ширење на филмската култура надвор […]
Од 17 – 19 Април 2015 во Банско, Република Бугарија се одржа ЧЕТВРТАТА ИНТЕРНАЦИОНАЛНА НАУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА,, KNOWLEDGE FOR HEALTH,, на која активно учествуваа 19 професори од С:О:У,,Ѓорче Петров,, – Прилеп од здравствената струка и природните науки. На конференцијата беа презентирани повеќе трудови од универзитетски професори од повеќе универзитети како и трудови од професори во средните […]
По успешно завршената интеркултурна размена на десет ученици од нашето училиште во Швајцарија, посетата ни беше возвратена од страна на дваесетчлена делегација на претставници од Детското село „Песталоци“ во Троген, Швајцарија. Тие беа пречекани во просториите на училишната библиотека од страна на директорот на училиштето Дејан Димоски. На средбата беа присутни: педагогот Снежана Милошеска и […]