Активности


,,Со нив или без нив”

На 25.12.2023г.(понеделник), во НТ,,Војдан Чернодрински”, пред преполна сала беше изведена драмата ,,Со нив или без нив”, по текст и режија на Филип Стојаноски и менторство на проф. Билјана Тинтоска. Членовите на секцијата успешно, пожртвувано и со многу љубов претставија емотивна социјална драма со трагични и реални случки од нашето секојдневие. На сцената гледавме паралелни слики […]


You(th) are All Right!

На 12.12.2023 учениците од СОУ „Ѓорче Петров„ извршија еколошка акција за отстранување на отпадниот материјал распространет околу прилепското езеро и паркот на Могилата на непобедените. Во акцијата учествуваја ученици од четврта година физиотерапевтски техничар.Оваа акција беше во склоп на Проектот You(th) are All Right! е поддржан од Механизмот за граѓанска отпорност на ЕУ (МГО), програма […]


Доделени сертификати за успешно завршена Еразмус+ мoбилност

Во просториите на СОУ,, Ѓорче Петров” Прилеп се одржа дисеминација на проект на Еразмус+ програмата: Акредитиран проект 2022-1-MK01-KA121-VET-000062595. Дисеминацијата на стекнатите вештини и знаења ја вршеа учесниците во проектот под водство на проект координаторот – професорката Неда Ченто. Акредитираниот проект вклучува мобилност на 9 ученици и 2 придружни професори Ангела Кочоска и Благица Тренчевска кои […]


Практична обука на ученици во Турција

На 04.12.2023 успешно заврши практичната обука во Истанбул, Турција за девет ученици кои беа придружувани од двајца професори од СОУ„Ѓорче Петров“ – Прилеп од здравствената струка профил медицинска сестра. Во рамките на Еразмус+ акредитиран проект 2022-1-MK01-KA121-VET-000062595 учениците имаа можност да се стекнат со практични искуства и реални ситуации во врвната мултиспецијалистичка болница BHT Clinic Istanbul […]


Обука на професори во Турција

Во рамки на Еразмус проектот Акредитиран проект 2022-1-MK01-KA121-VET-000062595 директорката на СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп Жанета Видевска, координаторот на проектот Неда Ченто и професорите Татјана Шабаноска, Митко Талески и Костадин Стојаноски учествуваа на мобилност во периодот од 20 до 26.11.2023 во Истанбул, Турција. Целта на овој проект е поддршка на професионалниот развој на професорите во […]


FASHION EMPLOYMENT HUB

Секој настан е можност за денес и инспирација за утре!За учениците од прва до четврта година од текстилно-кожарскатa струка при СОУ,,Ѓорче Петров” и нивните професори таква прилика беше  Инфо денот од  проектот FASHION EMPLOYMENT HUB во организација на Текстилниот кластер претставуван од извршниот директор Наташа Сивевска . На настанот учествуваа  од Македонската модна асоцијација, младите […]


Soft skills, hard skills

Во рамки на Ерасмус проектот “Soft skills, hard skills” професорките Билјана Тошеска и Оливера Димитријоска со учениците Марија Наумоска  и Ангел Ристески , од 12ти до 16ти октомври 2023г. го посетија училиштето Istituto professionale di stato per I servizi social, ottico odontotecnico e industrial e artigianato per il made in Italy “Francesca Laura MORVILLO FALCONE” […]


Од учење во училницата до грижа за заедницата

Oд 28-30.09.2023 во хотел Дрим-Струга  5 ученици и 1 професор од нашето училиште беа дел од обуката за проектот „Од учење во училницата до грижа за заедницата“. Проектот ќе биде имплементиран во следните 3 месеци. Проектот You(th) are All Right! е поддржан од Механизмот за граѓанска отпорност на ЕУ (МГО), програма за директна поддршка на граѓанските […]


Повик за апликации за еразмус+ проект

Во согласност со предвидените активности кои се дел од проектот Erasmus+ A.P. 2022, финансиран од страна на Програмата Ерезмус+ на Европската Унија, Директорот на СОУ Ѓорче Петров – Прилеп го објавува овој Повик за поднесување апликации за учество на заинтересирани ученици за мобилност во Р. Турција. Можат да аплицираат ученици од трета или четврта година […]


Рабтилница за 3Д моден дизајн

Во организација на Текстилниот кластер , на иницијатива на неговиот Извршниот директор Наташа Сивевска и со реализација на тимот од Fashion-freelenser.mk (Јасмина Цанева–Лазовска, Јована Јорданова, Цветанка Гаревска) за учениците и наставниците од текстилно-кожарската струка при СОУ„Ѓорче Петров“ од Прилеп, се одржа дводневна работилница за 3Д моден дизајн. Она што можеа да го видат, слушнат и […]