Monthly archives: November 2016


Учениците од СОУ ,,Ѓорче Петров” се вратија од Португалија

Осумнаесет ученици од профилите: фризери и козметички техничари од СОУ ,,Ѓорче Петров“ Прилеп, водени од три професорки, успешно ја завршија првата мобилност од проектот Professional VET cooperation development project, финансиран и поддржан од Програмата Еразмус+ на Европската комисија и Националната агенција за Европски образовни програми и мобилност. Во рамките на предвидените проектни активности во Португалија, […]


Втора награда за литературна творба за нашата ученичка Јуле

Втора награда за литературна творба за нашата ученичка Јуле Атанасовска   На Конкурсот објавен од НБРМ и Министерството за финансии на РМ, нашата ученичка Јуле Атанасовска од 3-2кл., под менторство на проф. Билјана Тинтоска, доби Втора награда за поетска творба на тема „Јас умеам да штедам“. Во петокот, на 25.11.2016г. во просториите на Министерството за […]


Ученичката Сара Долеска на Семинар за лица со оштетен вид

Во периодот од 03.11.2016 до 12.11.2016 год, во градот Арад, Романија се одржа семинар на тема: Лица со оштетен вид, организиран од Невладината Организација ЦМА Крик, кофинансиран од Erasmus+ преку Националната агенција на Република Македонија, во домаќинство на романската Невладина Организација Ofensiva Tinerilor. Семинарот вклучуваше 20  учесници од: Романија, Македонија, Бугарија, Кипар и Грција. Претставник и учесник од […]


Хуманитарна забава за „Порака“

На ден 13.11.2016г. во Арт-кафе,со почеток во 21 часот,СОУ„Ѓорче Петров“ беше домаќин на хуманитарна забава, организирана од телото Дете – Правобранител и Училишната младинска организација. Забавата се одржа во чест на лицата со посебни потреби. Собраните средства беа донирани во „Порака“-Прилеп (Центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост).Спонзори на настанот беа: цвеќара „Протеа“ , […]


Светски ден за борба против ДИЈАБЕТОТ

Учениците од СОУ Ѓорче Петров Прилеп од здравствената струка – медицинска сестра по повод 14 Ноември – Светскиот ден за борба против ДИЈАБЕТОТ во Градската библиотека Борка Талески – Прилеп ги спроведоа следните активности – Едукативна работилница на тема Дијабет – Мерење шеќер во крвта – Мерење крвен притисок  


“Недела за грижа на стари лица”

Традиционална посета за Светската недела на грижа за старите лица По повод Неделата на грижа за старите лица – учениците од III (трета) 2 клас – здравствена струка, медицинска сестра, Драмската секција на СОУ„Ѓорче Петров“ Прилеп, под менторство на проф. Билјана Тинтоска и нашиот музички бенд со членовите: Александар, Теодора, Марија, Стефана и Неире, како […]


digitalschool.mk – завршен настан

Во петокот 11.11.2016 во просториите на Градската Библиотека Борка Талески во Прилеп се одржа завршниот настан од проектот „Подобрување на професионалните компетенции на наставниците и постигањата на учениците во стручните училишта преку воведување на нов концепт на дигитално учење и поучување“ попознат како digitalschool.mk. На успешните учесници во проектот им беа доделени сертификати. Пред присутните […]


Конкурс за литературна творба

Младинската организација и Дете – правобранител на СОУ„Ѓорчe Петров“ Прилеп   Ул.„Октомвриска“ бб  7500 Прилеп тел.048 426 772  Факс: 048 423 506 По повод 1 Декември – Ден на борба против сидата распишува К  О  Н  К  У  Р  С за најдобра ЛИТЕРАТУРНА ТВОРБА   Творбите на учесниците треба да се доставуваат до СОУ „Ѓорче […]


Нашите ученици во Португалија

Учесниците во проектот Professional VET cooperation development project пристигнаа и се сместија во Braga, Португалија. Откако ги средија впечатоците од патувањето и разгледаа дел од градот, нашите ученици ги посетија салоните каде ќе ја изведуваат праксата и се запознаа со условите за работа.Неделата беше прекрасен сончев ден кој им беше резервиран за слободни активности, нашите […]