Активности


Впечатоци од Сицилија

Учениците кои во месец март оваа година, една недела престојуваа во Сицилија, вчера ги презентираа своите впечатоци на нивните соученици од СОУ Ѓорче Петров. Кирил Петрески, Теодора Адамческа, Михаил Алексоски, Тамара Дамеска и Бојан Белистојаноски во библиотеката на училиштето зборуваа за својот престој во Модика и за нивните домаќини од училиштето IIS Archimede. Тие ги […]


Erasmus пријатели гости во Прилеп

Во периодот од 07 до 14.04.2018 година СОУ Ѓорче Петров беше домаќин на гости од Германија, Турција, Шпанија и Италија како дел од проектот “Наследството од минатото, искуството од сегашноста и ветувањето на иднината” . Проектот е финансиран од страна на Европската Комисија преку Националната агенцијата за европски образовни програми и мобилност и е во […]


Предновогодишен панаѓур

Креативноста, вештината, дизајнерските идеи, учениците -конфекционери и членови на текстилната секција ги покажаа на традиционалниот панаѓур, дополнувајќи го на тој начин предновогодишниот амбиент во СОУ,,Ѓорче Петров‘‘.


Проект Practice Makes Professionals од програмата Еразмус +

Проект  Practice Makes Professionals од програмата  Еразмус +  на Европската комисија при Советот на Европа   Во периодот од 11.11.2017 до 19.11.2017 во Барселона, Шпанија, се одржа првата обука за наставници од проектот Practice Makes Professionals. Претставници од нашето училиште беа кординаторот на проектот  Билјана Рошкоска и проф. Благица Тренчевска, додека втората обука од истиот […]


Еразмус+ проект – “Нашите реки наша заедничка иднина”

Првиот транснационален состанок за проектот “Нашите реки наша заедничка иднина” се одржа во Брага, Португалија која учествуваа по двајца професори од секое партнер училиште. Претставници од нашето училиште беа – Елизабета Милошеска – координатор на проектот и Ленче Јованоска. Темата на проектот е да се проучи и разбере значењето на водата во сите сфери на […]


По повод патрониот празник на СОУ„Ѓорче Петров“ Прилеп

По повод патрониот празник на СОУ„Ѓорче Петров“ Прилеп (02.10.2017г.), во салата на Народниот театар „Војдан Чернодрински“ Прилеп, на 29.09.2017г. беше одржана Свечена академија. Пригодната програма ја подготвија членовите на Драмската секција од нашето училиште, по сценарио на Филип Стојаноски, а под менторство на проф. Билјана Тинтоска. Музичките точки, во кои учествуваа нашите ученици, беа под […]


Докомплетирана Училишната младинска организација и Советот на младинската организација

На денешниот Состанок со претседателите и со нивните заменици на класовите во нашето училиште, беше докомплетирана Училишната младинска организација и Советот на младинската организација. Целата процедура се врши според потпишаниот меморандум за соработка со НВО ИНФО СЕГА, чиј Прирачник е внесен во Годишната програма на училиштето. Според тоа, Претседателот Ева Андоноска и Заменик претседателот Миљаим […]


ЕмплоВЕТ

Пред бизнис заедницата, локалната заедница, партиципиенти од невладиниот сектор и образованието, претставниците од СОУ,,Ѓорче Петров‘‘ го презентираа проектот ЕмплоВЕТ. Како што нагласи координаторот на проектот за Македонија – професорката Билјана Рошкоска, овој меѓународен проект во своето средиште го има стручното образование, професионалниот развој на учениците и нивното успешно вклопување во работниот процес. Неговата реализација започна […]


Учениците од геолошко-рударската струка во посета на рудникот “Бучим” – Радовиш

Согласно со програмата за практична настава за геолошко-рударската струка, беше реализирана посета на рудникот за бакар и злато „Бучим”, кој се наоѓа во близина на Радовиш. Главни рудни метали во наоѓалиштето „Бучим” се бакарот, златото и среброто. Наоѓалиштето „Бучим” припаѓа на порфирските наоѓалишта.             При посетата учениците се запознаа со системот на експлоатација на бакарната […]


Драмската секција во уште една хумана мисија

На ден 17.03.2017г., Драмската секција на нашето училиште, во големата сала на Домот на културата „Марко Цепенков“, се претстави со настап на хуманитарен настан. Нa покана нa наши ученички, Марија Миноска и Тијана Манџикоска -волонтери во Црвен крст Прилеп, пред најмладата публика, ученици од основните училишта „Кочо Рацин“ и „Гоце Делчев“, се претставивме со хумористичната, […]