Активности


Blending theory and practice во Истанбул

Во периодот од 09.-16.02.2019 година, во Истанбул се одржа третата обука за наставници од нашето училиштe. Тема на обуката беше ,,Online classrooms for European Schools”, а како учесници-претставници од СОУ,,Ѓорче Петров бевме професорките Билјана Рошкоска и Здравка Најдоска. Покрај усвојувањето на вештини за е-учење можевме да посетиме дел од знаменитостите со кои изобилува Истанбул, град […]


Професори од ERASMUS + проект гости во нашето училиште

Од 15 до 17 јануари бевме домаќини на гостите од  проектот од Еразмус + програмата ,,Училишта за медицински сестри од Чешка, Финска, Македонија и Шпанија, спроведуваат постапки за извршување на здравствена нега“. Овој проект е финансиран од страна на Европската Комисија преку Националната агенцијата за европски образовни програми и мобилност  со цел размена на искуства и […]


Награди за најуспешните цртежи

Директорот на СОУ,,Ѓорче Петров‘‘, Страшо Ѓорѓиески ги додели Сертификатите и наградите освоени на Конкурсот за избор на најдобар цртеж на тема ,,Дизајн на модна облека‘‘ .Од големиот број на пристигнати цртежи, комисијата во состав: Марта Макеска -професор по Ликовна уметност, Весна Смугреска, Наташа Мирческа и Здравка Најдоска- членови на Активот по текстилство и професори по […]


Предновогодишен панаѓур 2018

Предновогодишно, традиционално, учениците од текстилно-кожарската струка учествуваа на панаѓурот во нашето училиште. Со желба и упорност и со материјалите донирани од компаниите ,,Комфи Ангел‘‘, ,,Кули‘‘ и ,,Жалфија‘‘, тие изработија разновидни производи, покажувајќи дел од својата активност на часовите по практична настава. Поддршката создава самодоверба, а самодовербата е движечка сила кон идна ангажираност на учениците.


ЕРАЗМУС + гости во СОУ Ѓорче Петров од 04 – 10.11.2018 год.

СОУ Ѓорче Петров беше домаќин на ученици и професори од четири земји – Португалија, Турција, Италија и Полска, дел од Еразмус+ проектот „Нашите реки наша заедничка иднина” финансиран од страна на Европската Комисија, преку Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во Македонија. За време на престојот во нашето училиште заедно со домаќините се […]


Љубов низ рамки од тутун

ДРАМСКА ВЕЧЕР – настан организиран и реализиран од Драмската секција на СОУ„Ѓорче Петров“ Прилеп, на 05.11.2018г. во 18ч. во Народниот театар „Војдан Чернодрински“, СО ПРЕМИЕРА НА КОМЕДИЈАТА „ЉУБОВ НИЗ РАМКИ ОД ТУТУН“   Веќе две години сме домаќини на добрата смеа и детскиот дух претставен низ Драмската вечер на нашето училиште. Традиционално и оваа година, […]


Со Erasmus + во Boronow – Полска

Во рамките на проектот „Граѓани претприемачи и волонтери” финансиран од страна на Националната агенција за Европски образовни програми и мобилност група од пет ученици и две професорки од СОУ,, Ѓорче Петров “-Прилеп ја започнаа својата авантура наречена Полска. Домаќин беше Zespol Placowek Oswiatowych – Boronow каде добрите домаќини топло не дочека и се погрижија подобро […]


Еразмус +во Торино ”past….present …future”

Во периодот од 16.09-22.09.2018год. уште еден успешно извршен проект од програмата Еразмус+ во Торино, Италија, каде група од четири ученички и две професорки од СОУ Ѓорче Петров Прилеп ги споделија своите вештини и стекнаа нови искуства со проектот „Наследството од минатото, искуството од сегашноста и ветувањето на иднината” (“Heritage of the past, experience of the […]


Првиот дел од проектот „School Mirror“ реализиран во Охрид

Имаме прекрасни ученици кои можат во секоја прилика достојно да го претставуваат нашето училиште СОУ,,Ѓорче Петров‘‘ Меѓу нив се и Елена, Давор, Ивана, Џулијано, Викторија, Марија- учесници во проектот ,,School mirror”. ,,School mirror” e проект поддржан од Регионалната канцеларија за младинска соработка RYCO и започна да се реализира со караванот на пријателство кој тргна од […]