Uncategorized


Апликација за проект “Practice makes professionals” 2

Почнаа подготовките за првата мобилност со ученици во рамките на проектот “Practice makes professionals”. Мобилноста ќе се реализира во Мадрид, Шпанија од 10 до 31.01.2018 год. Право на аплицирање имаат ученици од здравствената струка, од профилот – медицинска сестра кои учат во втора, трета и четврта година при СОУ,,Ѓорче Петров‘‘. Апликациониот формулар за учество треба […]


Три групи од СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп во Троген – Швајцарија

Оваа година, нашето училиште учествуваше со три групи ученици на размената во Детското село Песталоци, во Троген, Швајцарија. Првата група, составена од осуммина ученици и еден супервизор (Слободан Петкоски), присуствуваше на размената од 16 октомври до 01 ноември. Втората и третата група, составени од вкупно шеснаесет ученици и двајца супервизори (Сашо Кочоски и Билјана Тинтоска), […]


Проект ,,Practice makes professionals‘‘

Со првата обука за наставници,  од   Понеделникот, 13.11.2017г. во Барселона, отпочна реализацијата на  проектот ,,Practice makes professionals‘‘. На еднонеделната  обука учествуваа координаторот на проектот, професорката Билјана Рошкоска и професорката Благица Тренчевска. ,,Practice makes professionals‘‘ е проект одобрен и поддржан  од Националната агенција за Европски образовни програми и мобилност и програмата Еразмус + при Европската комисија […]


Одобрени три нови проекти од Еразмус + програмата

Одобрени три нови проекти од Еразмус + програмата Во рамките на Еразмус + програмата од Националната Агенција за Европски образовни програми и мобилност во полето на клучна акција 2 за училишно образование, СОУ Ѓорче Петров доби грантови за реализирање на три проекти во периодот од 2017 до 2019 година. Проектите вклучуваат стратешки партнерства со размена […]


Работен летен распуст

 Благодарение на неколку инвестициони зафати кои се изведуваа во текот на летниот распуст, но и на  перманентната работа за разубавување и подобрувањето на функционалноста, нашето училиште СОУ,,Ѓорче Петров‘‘ во новата учебна 2017/2018 година ќе ги дочека своите  ученици, вработени, гости, пријатели со освежен изглед.     Гордост е ходникот којшто  блесна украсен  со мермерните плочки, донација […]


Партнерска соработка на Драмската секција со АГТИС Прилеп

Драмската секција со тим од повеќе ученици на СОУ,,Ѓорче Петров”-Прилеп, под менторство на проф. Билјана Тинтоска, на 13.06.2017г. успешно го заврши проектот ,,Да се видам со твоите очи” ” за развивање вештини за известување на заедницата, во соработка и под покровителство на АГТИС Прилеп. Завршните активности беа реализирани во Галеријата на икони во Прилеп, а […]


Practice makes professionals

Националната агенција за Европски образовни програми и мобилност одобри нов проект за СОУ,,Ѓорче Петров‘‘ насловен како ,,Practice makes professionals‘‘. Проектот опфаќа две мобилности за ученици и две обуки за професори. Според координаторот професорката Билјана Рошкоска, основна цел е учениците во тие активности да ги потврдат веќе стекнатите знаења и практични вештини низ образовниот процес во […]


Посета на Завод, Музеј и галерија – Битола

  На ден 22.05.2017г. учениците од текстилно – кожарската струка при СОУ Ѓорче Петров – Прилеп заедно со професорите по стручните текстилни предмети остварија посета на “НУ Завод,Музеј и Галерија”- Битола. Целта на посетата беше учениците визуелно да доловат дел од естетските вредности на народното творештво, народните носии и нивните карактеристични делови на облека: џамадан, џубе, ќостек,калци,опинци и […]


Конференција по Информатика

Во рамки на соработката помеѓу Македонската академија на науки и уметности и Бугарската академија на науки и уметности, заедно со Здружението на информатичари на Македонија, Сојузот на Математичари на Македонија и Сојузот на математичари и информатичари на Бугарија се организира заеднички Ученички институт по математика и информатика. Ученичкот Николче Мојсоски од II-2 клас при СОУ “Ѓорче […]