Uncategorized


Осмомартовски панаѓур

На денот на жената -8 Март, во СОУ,, Ѓорче Петров‘‘ традиционално се одржа панаѓур каде што учениците од текстилно-кожарската струка ги презентираа и продаваа своите производи: марами, навлаки за перници, чаршави, фаќалки, привезоци..    Панаѓурот беше можност учениците да добијат позитивна потврда за  својот труд, но и да ги  развијат и менаџерските и комуникациските способности.


Дебата на тема: Мајчиниот јазик како дел од интегритетот на една држава

Моделот Дете – правобранител на СОУ„Ѓорче Петров“, претставен од Тамара Тодороска во функција на Дете-правобранител и двајцата Заменици: Ева Димеска и Филип Иваноски, во просториите на училишната библиотека, на ден 05.03.2018г. организираа дебата на тема: Мајчиниот јазик како дел од интегритетот на една држава. На дебатата зедоа учество ученици од втора, трета и четврта година, […]


По повод 21 Февруари – Денот на мајчиниот јазик

И оваа година, по повод 21 Февруари – Денот на мајчиниот јазик, се оствари повеќегодишната традиционална литературна соработка меѓу СОУ„Ѓорче Петров“ Прилеп и Младински информативен и советодавен центар на Коалиција на младински организации СЕГА. На Конкурсот насловен како „Мајчин јазик – јазикот на творење, изразување, чувствување“ зедоа учество 17 ученици од нашето училиште. На ден […]


Примопредавање на имплементиран проект со Германска амбасада

   На 21.06.2017 г-ѓа д-р Кристине Д. Алтхаузер, амбасадор на Сојузна Република Германија, г-дин Дејан Димоски, директор на Средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ од Прилеп и господин Валентин Црвенкоски, претседател на Здружението на граѓани „Јасна иднина“ од Небрегово-Долнени, потпишаа договор за донација со вкупна вредност од 3.894,- евра.   Ова средно училиште образува кадри од повеќе […]


Најбезбедно и најчисто училиште

Врз основа на објавениот Јавен повик за избор на „Најбезбедно и најчисто училиште“ објавен од Министерството за образование и наука бр.12-13963/1 од 05.10.2016 година СОУ „Ѓорче Петров“-Прилеп го освои првото место. Целта министерството за образование и наука беше зголемување на безбедноста и хигиената во училиштата, а во конкуренција од седум (7) средни училишта нашето училиште […]


Прва и втора награда за наши ученички

На Конкурсот што секоја година во ова време, традиционално, го објавува Здружението на литературни творци од Прилеп, СОУ„Ѓорче Петров“ Прилеп доби две наградени ученички. Имено, во категоријата  Проза, за ученици од средно образоване, нашата ученичка Ивана Настеска од 2-1кл., под менторство на проф. Билјана Тинтоска, ја освои Првата награда. Во категоријатата Поезија, за ученици од […]


Erasmus + Entrepreneur & Volunteer Citizens

Проект – Граѓани претприемачи и волонтери Во периодот о д 11.12.2017 – 13.12.2017 во Барселона, Шпанија, се одржа првата транснационална средба меѓу кординаторите и претставниците на партнер училиштата од Македонија, Шпанија, Италија, Полска и Турција. Представници од нашето училиште беа кординаторот на проектот  Елизабета Милошеска и наставникот Венера Мишачковска. На оваа средба се одредија датумите […]


Драмски вечери на СОУ „Ѓорче Петров“ Прилеп

Погледнете ја целата претстава! По иницијатива на Драмската секција на нашето училиште, Училишната младинска организација и телото Дете – правобранител на 15декември 2017г.,веќе традиционално по вторпат,  ја реализира Драмската вечер со помош и соработка на Коалицијата на младински организации СЕГА со локалната членка Младински совет Прилеп. Посебна благодарност упатуваме кон Управата на Домот на Културата […]


Prilep Special Show 2017

Учениците од струката Лични услуги од СОУ Ѓорче Петров-Прилеп, учествуваа во специјалното шоу што беше организирано од секцијата на фризери,бербери и козметичари, кое што се одржа на ден 10.12.2017г. Задоволството што учествувавме во ваква манифестација е заедничко! И наставниците-ментори кои ги подготвуваа, а и самите ученици уживаа во работата и во крајните резултати. Ова искуство […]


Избран заменик Дете – правобранител на СОУ„Ѓорче Петров“ Прилеп

По објавениот Јавен повик за избор на заменик Дете – правобранител, на којшто се пријавија 11 (единаесет) кандидати, Комисијата во состав: директор на училиштето, училишен тим на проектот „Имплементација на конвенцијата на правата на децата во училиштата во РМ“, претставник на Коалиција СЕГА и Дете – правобранител на СОУ„Ѓорче Петров“ Прилеп, ги разгледа внимателно пријавите […]