Uncategorized


Матурантите- конфекциски техичари во посета на дисперзираните студии при Универзитетот ,,Гоце Делчев‘‘ во Прилеп

Средбите , контактите, сознанија, ги прошируваат видиците, ја менуваат патеката по која младиот човек ќе чекори кон иднината. Да се види, да се биде информиран, да се создаде можност за избор, беше целта на посетата на матурантите од текстилно- кожарската струка при СОУ,, Ѓорче Петров‘‘ на дисперзираните студии од универзитетот ,,Гоце Делчев‘‘ од Штип, во […]


Интеркултурна размена, детско село Песталоци, Троген, Швајцарија

Впечатоци од размената   Оваа размена, во секој поглед ги надмина нашите очекувања. За време на истата имавме можност да запознаеме многу другари, да посетиме многу места и да научиме многу работи, како од работилниците, така и од местата кои ги посетивме.  Во продолжение ви ги прикажуваме нашите впечатоци за она што можевме да го […]


СОУ “Ѓорче Петров” Прилеп, во присуство на претставникот на УСАИД

Пренесување бизнис искуство од стоматологот Виолета Кочоска за добиени неповратни средства од Агенцијата за вработување на РМ, пред учениците од трета година, од СОУ “Ѓорче Петров” Прилеп, во присуство на претставникот на УСАИД, г-ѓа Нина Бабушковска.


Стручна посета на фабриката за производство на хулахопки и чорапи  ,,Арини фешн‘‘

    На 24.02.2016 год. ученици и професори од текстилно -кожарската струка ја посетија фабриката за производство на хулахопки и чорапи  ,,Арини фешн‘‘.     Со оваа стручната посета  на учениците од образовниот профил конфекциски техничари  им се овозможи да го видат целокупниот процес на изработка на кружни плетенини – хулахопки и чорапи, на кружноплетачки машини и […]


Литературен настан

На 26 февруари оваа година, СОУ„Ѓорче Петров“ Прилеп беше домаќин на манифестацијата по повод 21 февруари – Денот на мајчиниот јазик, во организација на Младинскиот информативен и советодавен центар ИНФО СЕГА, на тема ,, Твориме на мајчиниот јазик”. Меѓу повеќето литературни творби од областа на поезијата и прозата, беа издвоени и наградени три творби. https://issuu.com/infosegaprilep/docs/ […]


Резултати од конкурс

На Конкурсот за најдобра литературна по повод 1 Декември – Ден на борба против сидата, распишан од Младинската организација на СОУ„Ѓорче Петров“ во соработка со училишната институција „Дете правобранител“, беа наградени следниве учесници: Во категоријата Најдобра литературна творба беа доделени три места: Прво место – Николче Мојсоски од 1-2 клас СОУ „Ѓорче Петров“ Прилеп, за […]


Продолжуваат планираните активности на проектот АЦЕС

Продолжуваат планираните активности на проектот АЦЕС На ден 28.12.2015г. меѓународниот проект АЦЕС, во соработка со Ликовната секција од нашето училиште ги посети децата од Дневниот центар „Ѕуница“. Членовите на ликовната секција од нашето училиште под менторство на проф. Марта Макеска, изработија беџови и честитки како подарок за децата од центарот. А празничната радост беше збогатена […]


Награди на конкурс од Здружението на литературните творци

На традиционалниот литературен конкурс што секоја година се организира од страна на Здружението на литературни творци – Прилеп, нашите ученички, под менторство на проф. Билјана Тинтоска,  повторно постигнаа висок успех со своите литературни творби. Имено, Јуле Атанасовска од 2-2 клас го освои Првото место во категоријата Најдобра песна. А Мартина Соколоска од 2-1 клас го […]


Драмската секција за проектот „Безбедни училишта“

Драмската секција на СОУ„Ѓорче Петров“ Прилеп, по иницијатива на педагогот на училиштето Снежана Милошеска, подготви комична драмска претстава со вметнување филмски инсерти специјално снимани за потребите на претставата. Имено, идејата беше на еден симпатичен начин, преку извонредната изведба на нашите ученици – членови на Драмската секција, да се потврди корисноста од поставените камери во училишниот […]