Активности


ПРЕМИЕРА НА ФИЛМОТ „ДЕВОЈКИТЕ НА МАРКО“

На 18.6.2026г. во 20:00ч., во големата сала на НУЦК„Марко Цепенков“, ДС„СЛОБОДНО ТЕАТАРЧЕ“ на СОУ„Ѓорче Петров“ Прилеп ја одржа ПРЕМИЕРАТА на својот долгометражен филм „Девојките на Марко“ по мотиви на истоимениот роман на Оливера Николова. Сценариото и режијата се на Филип Стојаноски, а под менторство на професорката Билјана Тинтоска. Овој филм несебично, со огромна љубов и […]


Trash fashion 2026

На светскиот ден на животната средина 5 Јуни, во дворот на СОУ „Ѓорче Петров“ се одржа модна ревија инспирирана од темата: „Природата -инспирација за модна креација“ со која преку рециклирање и редизајн се истакнаа имагинацијата, вештините и креативноста на учениците учесници. Ментори на учениците беа професорките Марта Макеска, Здравка Најдоска и Наташа Мирческа. Неколку општествено […]


Изработени постелнини – донација за болницата

Ученици од секторот Текстил, кожа и слични производи изработија и  донираа постелнини на Интерното одделение при Градска болница „Борка Талески“, Прилеп Донацијата е изработена од материјали обезбедени од компанијата „Тритекс“. Упатуваме искрена благодарност до сопственичката на „Тритекс“, г-ѓа Татјана Наумовска за континуираната поддршка, довербата и соработката. Со ваквите хумани активности учениците ја покажуваат својата општествена […]


Најава за филмот „Девојките на Марко“ на ДС„СЛОБОДНО ТЕАТАРЧЕ“

„СЛОБОДНО ТЕАТАРЧЕ“ ДС на СОУ„Ѓорче Петров“ Прилеп, на 18.6.2026г. во 20:00ч.,во големата сала на НУЦК ,,Марко Цепенков”, со ново изненадување за својата вернапублика – филмот ,,Девојките на Марко”, по мотиви на истоимениот роман од ОливераНиколова!Филмот говори за актуелни теми: зачувување на семејството и односите во него, чесноста,правичноста, одговорноста, пожртвуваноста, но и потребата за игра и […]


AirBloom – еко-иновација создадена од младите умови

Тридневна презентација на нашите ученици од СОУ Ѓорче Петров на Саемот за иновации на социјално претприемништво во Струмица, поддржан од БРО, Unicef и LEAD, предводен од UpShift. Ученичките – Дариа Конеска, Стефанија Пиловска,Дора Алексоска,Андреа Кафеџиоска и Калина Стојаноска под менторство на професорките Христина П. Димеска и Наталија Матракоска достојно го претставија својот еко-иновативен производ: AirBloom, […]


„Изложба на модни илустрации по повод Месецот на Франкофонијата.“

Учениците од текстилната струка, инспирирани од француската мода и познатите француски дизајнери, изработија модни илустрации и учествуваа со групна изложба по повод одбележувањето на Месецот на Франкофонијата . Активноста беше реализирана под менторство на професорката по стручни предмети во текстилно – кожарска струка, Јулијана Поповска. Изразуваме искрена благодарност до Ирена Наумоска, наставник по француски јазик, за […]


Мода со втор живот: учениците од текстилната струка во чекор со одржливата иднина“

Учениците од текстилната струка учествуваа на модниот форум „Мода со втор живот: пренамена, реупотреба и одржливост“, – настан што обединува визии за мода која е креативна, одговорна и инспиративна. Панел-дискусијата ги истакна потенцијалите на модата со „втор живот“, преку поврзување на креативноста со одржливоста и практичните пристапи што ја градат иднината на модната индустрија во Македонија. […]


„Од отпад до вредност, од стара хартија до нова креативност!”

„Од отпад до вредност, од стара хартија до нова креативност!“  Денес реализиравме активност со нашите учениците  од 1-3 клас и волонтерите од Гериохелп ,во соработка со ЛАГ Агро Лидер. Целта е поттикнување на креативноста и подигнување на свеста за рециклирање. Преку изработка на моливи и боички од стари весници, учениците стекнаа практични вештини и разбирање […]


Планирање на кариера

Во рамките на предметот „Планирање на кариера“, како и дел од активностите на Кариерниот центар при нашето училиште, учениците од II г реализираа наставен час во библиотеката на ЈЗУ Општа болница со проширена дејност „Борка Талески“ – Прилеп. Оваа едукативна посета им овозможи на учениците непосредно да се запознаат со разновидноста на професии застапени во […]


Симпозиум

На 3/04/2026 година се одржа Вториот симпозиум по превентивна медицина  на кој нашите ученици Марија Пројческа, Омер Муса, Исидора Николоска,Милана Здравеска, Марија Попантоска, Андреј Макрески и Матеа Стојчевска сите од здравствена струка – медицинска сестра под менторство на стручниот наставник Наташа Ванчева се претставија со својата тема „Вакцинација – мит или вистина“.Тие покажаа зрелост, критичко […]