Monthly archives: February 2017


По повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

На 22 февруари 2017г. во просториите на училишната библиотека, се одржа традиционалната манифестација посветена на Денот на мајчиниот јазик. На литературниот конкурс, организиран од НВО СЕГА, а за учениците на СОУ„ЃорчеПетров“ Прилеп, на тема: „Ајде да твориме на мајчин јазик“, зедоа учество повеќе наши млади творци. Првата награда и припадна на Ивана Настеска од 1-1кл. […]


Резултати од Конкурсот по повод 1 Декември – Ден на борба против сидата

На Конкурсот за најдобра литературна по повод 1 Декември – Ден на борба против сидата, распишан од Младинската организација на СОУ„Ѓорче Петров“ во соработка со училишната институција „Дете правобранител“, беа наградени следниве учесници: Во категоријата Најдобра литературна творба беа доделени три места: Прво место – Михаела `Ржаникоска од 2-3 клас од СОЕПТУ „Кузман Јосифоски – […]


Конфекциските техничари во „Тритекс“

Соработката меѓу училиштето и стопанскиот сектор е континуиран процес кој се спроведува во СОУ,,Ѓорче Петров‘‘ од Прилеп. Сакајќи реалната работа да им стане поблиска на учениците, а теоретското знаење стварост, денес, професорите по стручни предмети од текстилно-кожарската струка заедно со сите ученици од профилот конфекциски техничар остварија посета на текстилната фирма „Тритекс трејд“. Производите од оваа […]


Медицинските сестри во ООУ „Блаже Конески“

На ден 9.2.2017 учениците од 4 год. здравствена струка ,медицинска сестра под менторство на стр.наставници Даниела Јорданоска  и Петра Лукароска одржаа едукативни предавања на тема ,,Лична хигиена” и ,,Оплодување” во ООУ ,,Блаже Конески”.


Едукативна работилница

Едукативна работилница со учениците од lll-1 и lll-2 клас здравствена струка -медицинска сестра на тема ДИЈАГНОСТИЧКИ МЕТОДИ ПРИ ЗАБОЛУВАЊА НА ДИГЕСТИВНИОТ СИСТЕМ под менторство на стручните наставници Наташа Ванчева, Ленче Јованоска, Валентина Дамеска и Мира Груевска.


Учениците од текстилно-кожарската струка во конфекцијата ,,Кули‘‘

Облеката е естетски и функционален елемент од човековото живеење. Да се создаде квалитетна, привлечна, пријатна и во тек со модните текови облека е тенденција на претпријатијата од конфекциската индустрија кои сакаат да бидат конкурентни на пазарот. За да се дојде до  едно модно парче, материјалот треба да помине низ многу фази и низ различни машини, […]


Ученици од СОУ,,Ѓорче Петров” на практична работа во Шпанија

Во среда, 08.02.2017 година ќе почне спроведувањето на втората мобилност од проектот ,,Professional VET cooperation development project‘‘. Деветнаесет ученици од СОУ„Ѓорче Петров“ од Прилеп, претставници на медицинската струка и профилите медицинска сестра и физиотерапевтски техничар имаат убава можност да престојуваат осумнаесет дена во Мадрид, Шпанија, заедно со координаторот на проектот, Билјана Рошкоска и професорите – […]


Конкурс за литературна творба

ИНФО СЕГА објавува Конкурс „Да твориме на мајчин јазик “ за литературни творби на слободна тема ИНФО СЕГА во соработка со СОУ „Ѓорче Петров“, по повод 21ви Февруари Меѓународниот Ден на мајчиниот јазик, објавува конкурс за литературни дела на слободна тема, на кој можете да учествувате со вашиот есеј, расказ, драма, поема и било кој […]