Сара Павлоска


Општински натпревар по математика

На 4.2.2023 г. беше одржан Општинскиот натпревар по математика за учениците од средните училишта. Нашата ученичка Елеонора Илиоска од I-8 клас освои Втора награда, под менторство на професорката Валентина Темелкоска. На Елеонора ѝ честитаме за наградата и ѝ посакуваме успех на регионалниот натпревар.


Еразмус во Англија

„Cultural animation as a key against elderly social isolation“ Во периодотод 15.01 до 20.01.2023 во градот King’s Lynn, Англија се одржа четвртата мобилност од овај проект. Вклучени беа 5 ученици и 2 професори од нашето училиште. Проектот започна со реализација на 16.01.2023 во училиштето Springwood High School во King’s Lynn каде беа изведени активности како […]


Онлајн прирачник од проектот First Aid Worldwide

Здравствените работници се практичари. Едуцирани се за давање прва помош, лекување и грижа за луѓето, но постои потреба од перманентно надоградување преку следење и применување на новините и слушање на нивните искуства. За да ја претстават проектната работа и изработениот онлајн прирачник кој е преведен на неколку светски јазици и да дадат свој мал придонес […]


Дисеминација во ОУ,,Гоце Делчев‚‚

На 01.02.2023 г. професорите во СОУ„Ѓорче Петров“ од Прилеп, Галена Дулеска и Петар Аризанкоски како дел од учесниците во Еразмус+ проектот „First Aid Worldwide“ пред наставници од основното училиште „Гоце Делчев“ ја презентираа содржината на крајниот продукт од проектната работа- меѓународниот онлајн прирачник за прва помош. Од големо значење се наставниците кои се во непосреден […]


Квиз на младинска организација

Младинската организација при СОУ Ѓорче Петров организираше квиз на општо знаење помеѓу средните училишта во Прилеп. Квизот се состоеше од 50 прашања од различни области, а истиот помина во фер и натпреварувачка атмосфера. Целта на овој настан е зајакнување на соработката помеѓу средните училишта како и запознавање на учениците од средните училишта и нивните младински […]


17 Ноември – светски ден на предвремено родените бебиња

Учениците од здравствената струка медицинска сестра ги продолжуваат своите активности. Кога ќе се спојат младоста, искуството, креативноста, знаењето и соработката се полнат срцата.


Општински шампионки и во ракомет

Честитки за девојките Денес во спортската сала при СОУ Р. Р. РИЧКО ПРИЛЕП беше одигран финалниот натпревар во РАКОМЕТ ЗА СРЕДНИ училишта за ЖЕНСКИ. Победник а воедно и претставник за ЗОНСКИТЕ натпревари е екипата на СОУ ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ПРИЛЕП.


Креативен конкурс – Јелена Крстиќ

СОУ „Ѓорче Петров“ и Активот по текстилство во соработка со професорката по Ликовна уметност Марта Кузмановиќ објавуваат: КРЕАТИВЕН КОНКУРС „Јелена Крстиќ“ на тема: „Ултра модерна облека и акцесоари со етно елементи“ Во чест на нашата прерано почината ученичка Јелена Крстиќ објавуваме Конкурс со кој се промовира модата, модниот дизајн, креативноста, талентот, креативноста и вештините на […]