admin


ПРЕМИЕРА НА ФИЛМОТ „ДЕВОЈКИТЕ НА МАРКО“

На 18.6.2026г. во 20:00ч., во големата сала на НУЦК„Марко Цепенков“, ДС„СЛОБОДНО ТЕАТАРЧЕ“ на СОУ„Ѓорче Петров“ Прилеп ја одржа ПРЕМИЕРАТА на својот долгометражен филм „Девојките на Марко“ по мотиви на истоимениот роман на Оливера Николова. Сценариото и режијата се на Филип Стојаноски, а под менторство на професорката Билјана Тинтоска. Овој филм несебично, со огромна љубов и […]


Ранг листи од уписи 2026/27

Медицинска сестра Фармацевтски техничар Физиотерапевтски техничар Техничар за козметичка нега и убавина Техничар за изработка на облека Геолошко-рударски техничар Фризер


Trash fashion 2026

На светскиот ден на животната средина 5 Јуни, во дворот на СОУ „Ѓорче Петров“ се одржа модна ревија инспирирана од темата: „Природата -инспирација за модна креација“ со која преку рециклирање и редизајн се истакнаа имагинацијата, вештините и креативноста на учениците учесници. Ментори на учениците беа професорките Марта Макеска, Здравка Најдоска и Наташа Мирческа. Неколку општествено […]


Изработени постелнини – донација за болницата

Ученици од секторот Текстил, кожа и слични производи изработија и  донираа постелнини на Интерното одделение при Градска болница „Борка Талески“, Прилеп Донацијата е изработена од материјали обезбедени од компанијата „Тритекс“. Упатуваме искрена благодарност до сопственичката на „Тритекс“, г-ѓа Татјана Наумовска за континуираната поддршка, довербата и соработката. Со ваквите хумани активности учениците ја покажуваат својата општествена […]


Планирање на кариера

Во рамките на предметот „Планирање на кариера“, како и дел од активностите на Кариерниот центар при нашето училиште, учениците од II г реализираа наставен час во библиотеката на ЈЗУ Општа болница со проширена дејност „Борка Талески“ – Прилеп. Оваа едукативна посета им овозможи на учениците непосредно да се запознаат со разновидноста на професии застапени во […]


Осмомартовски панаѓур

По повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март, учениците од СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп организираат панаѓур со рачно изработени производи со цел да ја одбележиме важноста на овој ден и да ја покажеме нашата почит и благодарност кон сите жени. Датум: 6 Март (Петок) 10:00 Локација: СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп


Благодарници од болницата

На 29/12/2025 во просториите на ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Директорот Д-р Кире Јоноски им врачи Благодарници на Директорката на нашето училиште Жанета Видевска и на стручните наставници Наташа Ванчева и Ленче Јованоска  Болницата е место каде нашите ученици ги стекнуваат и усовршуваат своите практични вештини . Учениците од Здравствено едукативната секција ЗДРАВЈЕ БЕЗ […]


Нов европски проект поддржан од програмата Еразмус+

Нашето училиште има ново одобрен проект за стручно образование и обука на ученици и наставници. Проектот е одобрен од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во рамките на програмата Еразмус+, КА121-COO – Акредитирани проекти за мобилност на ученици и вработени (кадар) во полето на стручно образование и обука, со регистарски број 2025-1-MK01-KA121-VET-000309131. Во […]


Општински шампиони во женска одбојка

На општинските натпревари во одбојка за средни училишта, кои денес се одржаа во спортската сала во Прилеп, женската одбојкарска екипа на СОУ „Ѓорче Петров“ забележа извонреден успех и со заслужено освоеното прво место ја понесе титулата општински шампион за 2025 година. Нашите ученички покажаа висок степен на подготвеност, дисциплина и тимски дух. Во текот на […]


Со RYCO во Краљево

Од 1.12.2025 до 6.12.2025 во Краљево се реализира првиот дел од меѓуучилишната размена на ученици меѓу СОУ Ѓорче Петров – Прилеп и Шумарското училиште од Краљево. Имено, станува збор за многу важен образовно-воспитен меѓунационален проект што се остварува преку Regional Youth Cooperation Office – RYCO, организација што има за цел да ја поттикне соработката меѓу […]